Лондон топ дестинација во Европа за технолошки инвестиции
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

London startup
Лондон останува топ дестинација во Европа за технолошки инвестиции во 2018 година. Технолошките играчи во британската престолнина минатата година добилe1,8 милијарди фунти (2,3 милијарди долари) или двојно повеќе од компаниите во конкурентот Берлин. Од нив 1,2 милијарди фунти отишле во финтеч секторот кој доживува вистински бум.

“Добиваме многу барања од инвеститори од САД и Азија кои бараат нови можности за инвестирање во финансиски технологии. Во финтеч, вештачката интелигенција и неколку други сектори, како природни науки и роботика, Лондон е светски лидер”, вели Елин Барбиџ, партнер во компанијата за ризичен капитал Passion Capital.

Технолошкиот сектор во Лондон и градоначалникот Садик Кан предупредија дека напуштањето на Европската унија може да ја намалат конкурентноста на британската престолнина.

Според податоците од Pitch Book покажуваат дека технолошките компании во Берлин успеале да привлечат 937 милиони фунти, двојно повеќе во споредба со претходната година, додека 797 милиони фунти отишле во технолошките компании во Париз.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×