Лондонската берза во Brexit утрото: Збришани 100 милијарди фунти!
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вистински потоп на акциите се случи на отворањето на тргнувањето на Лондонската берза, а најголем пад има кај акциите на најголемите банки.

Акциите на RBS (Royal Bank of Scotland) паднале за 35%, а на Barclays и на Lloyd’s за по 30%.

Во тој момент, како што наведуваат британските медиуми, загубата на лондонскиот индекс FTSE 100 изнесувала дури 100 милијарди фунти.

Поради ситуацијата, брзо реагираше Bank of England, со најава дека е подготвена на располагање да стави 250 милијарди фунти, за да ги смири пазарите.

По најавата, Лондонската берза ја повратила половина од загубите.

Индексот FTSE 100 сега е во пад 274 поени, односно 4,3%, што и натаму е голем пад, што се мери со износ од околу 70 милијарди фунти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×