Лондонскиот суд денес одлучува дали ќе ѝ го предаде Ивица Тодориќ на Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

TodoricЛондонскиот суд денес во 12.30 часот по средноевропско време ќе одлучува дали Ивица Тодориќ, поранешниот сопственик на Агрокор ќе го предаде на хрватските власти.

Станува збор за првостепена одлука, а конечната одлука ќе биде донесена после три до шест месеци.
Адвокатите на Тодориќ најавија дека ќе бараат да им се дозволи да поднесат жалбаво случај судот да одлучи дека Ивица Тодориќ треба да и биде испорачан на Хрватска.

Ивица Тодориќ беше уапсен на 7 ноември 2017 година во Лондон на основ на европскиот налог за апсење кој го распиша Хрватска, меѓутоа истиот ден е пуштен откако уплати кауција во износ од 100 илјади фунти, по што му беше одземен пасошот и му беше наложено од Лондонскиот суд да се јавува во полиција три пати неделно.

Хрватска објави потерница за апсење на Тодориќ заради злоупотреби поврзани со стечајот во Агрокор, најголемата компанија во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×