Лош почеток на летната сезона во Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Туристичката сезона во Хрватска не започна добро, пишува “Јутарњи лист”, пренесувајќи податоци од системот eVisitor, кои покажуваат дека во првите 12 дена од јули, во споредба со истиот период минатата година, бројот на ноќевања се намалил за речиси 5%, додека пристигнувањата на туристите опаднале за 6 , 2 проценти.

Dubrovnik-1024x715Сепак, кога ќе го земеме предвид вкупниот промет оваа година, односно пристигнувањата и ноќевањата од 1 јануари до 12 јули, годинава, Хрватска се’ уште е во плус, иако е “тенко”, според хрватскиот дневен весник.

Поради недостаток на работници хрватската Влада го „појача“ туризмот со сезонци од странство

Хрватската Влада одобри зголемување на квотите за вработување работници од странство по апел на работодавачите во областа на угостителството.
Одобрени се 3.000 нови дозволи, од кои 2.000 се однесуваат на туристички ангажман за време на летната сезона и уште 1.000 во градежништво.
Доколку тоа не е доволно, ќе бидат издадени дополнителни 2.000 дозволи, кои ќе бидат издадени по потреба, по 1.000 во двата сектора.
Туристичките работници од Хрватска неодамна ја повикаа Владата да одобри 5.000 работни дозволи за сезонските работници од Србија, од Босна и Херцеговина и од Црна Гора што е можно поскоро, бидејќи во спротивно сезоната на Јадранското Море ќе биде целосно уништена.
Во Хрватска има се помал број готвачи, келнери, но и туристички работници.
Сезонските келнери може да заработат повеќе од 1.000 евра месечно, со обезбедено сместување, а платите на готвачите се движат од 1.500 евра, па нагоре.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×