Лошите кредити кај фирмите рушат рекорди.
Објавено на од во Банки и бизнис

Достигнаа 400 милиони евра!

На крајот на октомври лошите кредити кај компаниите достигнаа 397 милиони евра или 17,2% од вкупните кредити дадени на компаниите. Тоа е највисок досега износ на проблематични кредити. Ако на тоа се додадат и лошите кредити кај населеието, кој на крајот на октомври достигнаа 100 милиони евра, произлегува дека спорни за наплата се близу 500 милиони евра кредити дадени во економијата до октомври годинава.

krediti-losi

“Кредитниот ризик и натаму останува во фокусот на вниманието, при што во третиот квартал растот на нефункционалните кредити забрза и нивното учество достигна 12,2%од вкупните кредити”, предупредува Народната банка на Македонија.

Статистиката покажува дека по одделни сектори, први на црната листа на банките кои најтешко ги враќаат кредитите се најдоа трговските компании, индустријата, хотелите и рестораните како и фирми што се занимаваат со дејност во врска со недвижен имот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×