Лозарите ги добија дополнителните субвенции
Објавено на од во Економија
На вкупно 6.240 лозари денеска им се исплатени дополнителни субвенции од еден денар за килограм предадено грозје во регистрирани винарски визби.
лозариКако што соопшти министерот за земјоделство Трајан Димковски, за оваа намена на сметките на лозарите се префрлени вкупно 66,2 милиона денари.
„Со оваа исплата ја заокружуваме комплетната реализација на субвенциите во лозарството. Пред почетокот на новата производна сезона исплативме 9 милиони евра на 15.208 лозари за одржување на насадите. Потоа го исплативме и долгот на винарските визби за преземеното грозје во 2014 и 2016 година, вкупно 1,25 милиони евра на 2.048 лозари. Со тоа го решивме долгогодишниот наследен проблем на производителите од тиквешко“, информира министерот на прес-конференција.
Одговарајќи на новинарско прашање, Димковски рече дека засега останува интервентната мерка од еден денар за килограм, но откупот продолжува да се следи.
„Ова е во договор со лозарите. Половина од откупот е веќе завршен и во дадениов момент сметаме дека поддршката ќе може да покрие дел од трошоците. Очекуваме и винариите да направат извесни корекции во делот на шекерните единици иако, сепак, ние може само да разговараме, не и да наметнеме“, истакна Димковски.
Според директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски до денеска заедно со дополнителниот еден денар за лозарите, на земјоделците им се исплатени 306,7 милиони евра.
Бабовски воедно информира дека земјоделците досега со персонализираните картички за „зелена нафта“ наточиле гориво со вкупна вредност од над 30 милиони денари или околу половина милион евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×