Љубчо Георгиевски пак бара амнестија. Овојпат и за финансиско-корупциските малверзации
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВМРО-Народна партија денес излезе со соопштение до јавноста во кое повторно го рефирмира предлогот за амнестија која се однесуваше за прислушкувањето и изборните нерегуларности како политички дел. Но, овојпат оди чекор онатаму и предлага и амнестија на сите финансиските криминали.

“Со тоа што сега, до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ,  предлагаме амнестијата да го опфати и делот од  финансиско корупциски малверзации. Според она што во последно време граѓаните имаа можност да го слушнат и видат од медиумите, сосема оправдано овој дополнителен предлог станува врвен приоритет за нив и затоа оставаме меѓусебно да се договорат”, велат од ВМРО-Народна партија.

Ова е втор пат ВМРО Народна да бара амнестија на сите незаконски постапки кои беа обвјавени во снимките кои ги објави опозицијата, а тоа јавно го побара и претседателот на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски.

Од ВМРО-Народна партија ги поздравуваат преговорите на лидерите на четирите политички парти, а закажаната средба во Стразбур со посредство на меѓународната заедница помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, ја гледа како единствена можност која не смее да се испушти за постигнување на трајно политичко решение, а во корист на сите граѓани на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×