Љубљана за некоја година ќе биде град без отпад
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Пред петнаесет години, целиот отпад од главниот град на Словенија одеше на депонијата, но до 2025 година, најмалку 75% од ѓубрето ќе се рециклира. Како успеа Љубљана да направи таква пресвртница?
llubjana-binsЉубљана е првиот европски град кој се обврза да стане град со нула отпад, пишува The Guardian. Но, пред петнаесетина години, целиот отпад сѐ’ уште се одлагаше право на депонијата. “И тоа е скапо”, вели Нина Санковиќ од Voka Snaga, градско претпријатие за управување со отпад. “Зазема простор и фрла ресурси”.
Така градот одлучи да го промени правецот.
Сè започна во 2002 година со одделување на хартија, стакло и селектирањето во контејнери. Четири години подоцна започна собирањето на биоразградлив отпад од врата до врата.
Одделно собирање на отпадот ќе стане законска обврска низ цела Европа до 2023 година, но Љубљана е речиси две децении пред сите. Во 2013 година, секој куќен праг во градот доби канти за селектирање на амбалажата и хартијата. Фреквенцијата на собирање на ѓубрето е намалена за половина – што ги направи луѓето поефикасни во селектирањето на отпадот.
Резултатите се импресивни. Во 2008 година, градот рециклирал само 29,3% отпад и заостануваше зад другите градови во Европа. Денес, овој процент е 68%, а речиси 80% помалку отпад се депонира на депонијата, што ја става Љубљана на највисоко ниво кога станува збор за рециклирање во европските градови. Љубљана сега произведува само 115 кг отпад по глава на жител годишно. Европскиот град со најмал отпад е малиот град Тревизо во Италија со 59 килограми.
Развојот на најмодерната фабрика во Европа за третман на биолошкиот отпад, беше голем чекор во остварувањето на целта, најмалку 75% од отпадот да се рециклира до 2025 година. Регионалниот центар за управување со отпад беше отворен во 2015 година, а денес опслужува речиси една четвртина од Словенија, користи  гас за производство на сопствена топлина и електрична енергија, обработува 95% од отпадот во материјали што може да се рециклираат и во цврсто гориво, и праќа помалку од 5% отпад на депонијата. Дури отпадот го претвора  во висококвалитетно ѓубриво за градини.
Но, не се работи само за преработка. Превенција, повторна употреба и рециклирање се приоритет. Покрај собирање од врата до врата, Љубљана има два центри за рециклирање на отпадот од домаќинствата, каде што граѓаните ќе можат да располагаат со своето ѓубре. Еден од нив е толку популарна што добива повеќе од 1.000 посетители дневно, па градот планира да изгради најмалку уште три, со уште 10 помали центри во населените места. Работи што не се исправни се користат повторно: предметите се испитуваат, чистат и потоа се продаваат по ниски цени. И тие исто така имаат работилници каде граѓаните можат да научат како да ги поправат расипаните работи.
Трендот во градот е отворањето на продавниците за нус-отпад. Друга иновација е дека градските институции користат тоалетна хартија направена од рециклирана амбаалаажа од млеко и сок.
Во старото јадро на градот, каде што нема доволно простор, Voka Snaga има инсталирано 67 контејнери под земја; контејнерите се отвораат со картичка која станарите ја добиваат.
Иако е преполн со туристи, центарот на градот е чист. Средства за чистење го соберат ѓубрето „од нога“, и ссо специјални возила се чистат улиците со користење на дождовница собрана од покривот на компанијата и биоразградлив детергент. Речиси секој агол има посебни контејнери за хартија, амбаалажа и отпад.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×