Лукас Бисиас: „Веро“ ќе отвора по два нови маркета годишно
Објавено на од во Економија

Lukas Bisias 1Лукас Бисиас
генерален директор на „Веропулос“ во Македонија

Експанзијата на „Веро“ е резултат на позитивните финансиски резултати кои компанијата континуирано ги остварува во изминатите години, но и на напорната и посветена работа на целиот тим, вели Лукас Бисиас, генерален директор на „Веропулос“ во Македонија.


Откако минатата година прослави 20 години од влезот на македонскиот пазар и отворањето на првиот Веро маркет во Скопје, компанијата „Веропулос“ не застанува со експанзијата. Утре отвора нов Веро маркет во скопската населба Карпош 3, кој ќе биде 12. ваков маркет во земјава. Некогашниот пионер во малопродажната трговија во Македонија, денес е етаблиран бренд меѓу потрошувачите кој континуирано остварува позитивни резултати. За достигнувањата, но и за идните планови разговаравме со генералниот директор на „Веропулос“ во Македонија, Лукас Бисиас.

 

Последниве година – две прилично сте активни во отворањето нови објекти на Веро и Џамбо. На што се должи тоа?

Уште од самото појавување на „Веро“ во Македонија, што се случи во далечната 1997 година, компанијата Веропулос има единствена цел – да понуди незаборавно шопинг-искуство во маркети кои работат по највисоки стандарди, нудат широк асортиман на квалитетни производи, врвна услуга за потрошувачите и конкурентни цени. Ова беше визијата на основачот на компанијата, г. Веропулос уште од самиот почеток и продолжува да биде негова главна цел и во следните години. Нашиот професионален тим постојано ја следи состојбата на терен и ги следи потребите и желбите на потрошувачите, а бизнис – одлуките ги носиме врз основа на сите тие информации. Во 2016 година „Веро“ почна поинтензивна експанзија отворајќи нов Веро маркет во Тетово минатата година, како и по една нова продавница „Џамбо“ во Битола и во Тетово. Утре отвораме нов „Веро“ маркет во Скопје, кој ќе биде осми по ред во главниот град. Сето ова е резултат на позитивните финансиски резултати кои компанијата континуирано ги остварува во изминатите години, но и на напорната и посветена работа на целиот тим.

 

Какви се моменталните услови на македонскиот пазар за развивање на малопродажен синџир? Има ли уште простор за раст?

Досегашните финансиски резултати што ги остварува „Веро“, како и довербата што ни ја укажуваат потрошувачите, покажуваат дека на овој пазар има уште простор за нови маркети кои нудат производи и услуга со највисок квалитет. Дополнителен стимул ни дава стабилната економија во Македонија која се развива сигурно и без нагли промени, што во голема мера го олеснува планирањето на бизнис – стратегиите за развој. Веро соработува со повеќе од 800 домашни производители чии брендови и производи сочинуваат околу 90 отсто од асортиманот во нашите маркети. На тој начин му обезбедуваме стимул на локалното производство и домашната економија, поради што снабдувачите ни веруваат и со задоволство соработуваат со нас.

 

Колку сте задоволен од досегашниот успех на франшизата Џамбо, односно комбинирањето на Веро маркетите со Џамбо продавници?

Веропулос има долгогодишни ексклузивни договори за франшиза за продавниците Џамбо, исто како и за рестораните за брза храна „Гудис“. Нашата стратегија да ги комбинираме сите три заедно (Веро, Џамбо и Гудис) секаде каде што тоа е можно и дава одлични резултати. Навистина сме задоволни од начинот на кој функционира ваквата комбинација бидејќи во праксата се покажа дека македонските потрошувачи навистина сакаат да добијат уникатно шопинг – искуство во кое е вклучено целото семејство. Комбинирањето на двата бренда, „Веро“ и „Џамбо како одлична пракса се применува во Србија, каде што компанијата бележи одлични резултати во работењето, па затоа го применивме и во маркетот во Тетово.Во моментов во земјава „Веропулос“ успешно менаџира со четири продавници „Џамбо“ во три градови, а постигнатите резултати оставаат простор за натамошен развој.

 

Како помина финансиски Веропулос минатата година на македонскиот пазар, и какви се прогнозите за 2018?

Минатата, 2017 година, беше многу успешна година и тој тренд продолжува уште позасилено во 2018. Така, за време на мојата прва година во Македонија остваривме раст на продажбата за 9% што многу позитивно влијаеше на нашата профитабилност. Очекувањата се дека растот и развојот на компанијата ќе продолжат и во следниот период со отворање нови маркети, зголемување на бројот на вработени, но и со реновирање на постарите продавници со нова опрема и модерна технологија за да им обезбедиме на нашите потрошувачи уште подобри услови за пазарување.

 

Повеќе од 20 години сте присутни на овој пазар, колку во тој период се сменија навиките на потрошувачите и нивните очекувања?

Потрошувачите имаат изграден вкус и очекувања од местата каде што пазаруваат. Тие точно знаат што сакаат и ги ценат компаниите што знаат да им обезбедат квалитет, врвна услуга и конкурентни цени. Токму поради тоа ние ја создадовме програмата за лојалност како награда за нивната долгогодишна доверба, со која преку „Веро“ картичките им обезбедуваме дополнителни попусти, поголеми бонуси и многу други привлечни изненадувања.

 

На што даваат приоритет македонските потрошувачи, на квалитетот или цената? Каков е вашиот одговор на подемот на хард дисконт маркетите последниве години или нив не ги гледате како конкуренција?

Како што веќе кажав, потрошувачите ценат квалитет, врвна услуга и конкурентни цени. Она што „Веро“ го нуди на македонскиот пазар се врвни супермаркети во кои може да се најдат најквалитетни домашни производи, но и ексклузивни производи од увоз, понуди креирани според желбите и потребите на потрошувачите, како и многу дополнителни изненадувања и уживање за целото семејство. Тоа е она што го прави Веро уникатно место за пазарување. Нашата цел во 2019 година е да промовираме уште повеќе квалитетни производи со конкурентни цени под брендот „Веро“ кои опфаќаат многу поширок асортиман и ценовни категории.


Какви се вашите планови за во иднина?

Продолжуваме со започнатата експанзија од 2016 година. Утре отвораме нов Веро маркет во скопската населба Карпош 3, а следи и реновирање на маркетот Веро Тафталиџе кој ќе стане уште поголем и помодерен. До крајот на годинава планираме да се прошириме во уште еден град во Македонија, а тоа ќе биде Охрид каде што ќе отвориме Веро „Џамбо“ маркет. Генералната стратегија е во следните неколку години Веро секоја година да отвора по два нови маркети. Паралелно со отворањето нови маркети, ќе расте и бројот на вработени кој во моментов изнесува над 1.050 лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×