Љупчо Зиков: GDP (БДП бруто домашен производ) = C + I + G + (X-M)! Како до раст од 6%, 7%, 8%? (Прв дел)
Објавено на од во Колумна
zikov glavna fotografijaC – потрошувачка на населението (private consumption) + I – Инвестиции (gross investment) + G – Потрошувачка на државата (government spending) + (X-M) – Разлика меѓу извозот и увозот (export-import)
Во оваа фаза од развојот на Македонија ѝ требаат реформи за создавање на поголема додадена вредност, за поголеми инвестиции и извоз, вработувања … Високи стапки на раст на БДП.
Е сега, клучен проблем за нас е зошто секоја влада од осамостојувањето до денес, наместо да приоѓа кон реформи во делот на факторите кои го создаваат и зголемуваат БДП на земјата, одат кон реформи со кои се зголемува и продлабочува јазот меѓу малку создаденото и многу потрошеното. Распределбата на малку заработеното и позајмените кредити!?

 

Како да постигнеме повисоки стапки на раст на БДП (Бруто домашниот производ), и тие долго време да бидат над 5% па и 6%.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, деновиве во улога на кандидат за иден премиер на Македонија, многу убаво забележа дека разликата во животниот стандард на македонските граѓани во правец на драматично зголемување на стандардот, може да се направи единствено преку високи (драматично повисоки стапки на раст од сегашните, да речеме за 2019 тоа би било меѓу 3,5% и 3,7%.) Заев, исто така, добро забележа дека земјите членки на Вишеградската група (земјите од Источна Европа, она што денес се вика Нова Европа, поранешни комунистички земји со тврда комунистичка планска економија), при влегувањето во НАТО и ЕУ, долги години остваруваа многу високи стапки на раст. И сосема е точно дека Зоран Заев во 2017-та кога је презеде власта Македонија имаше -1,8% (негативен БДП), за денес само две и пол години да има 3,6% раст. Ова значи дека за две и пол години оваа влада реално направи голем скок. Драматично ја промени цифрата на растот. Тоа се голи факти.
Предмет на мојава денешна анализа е дали е ова доволно? И како до драматичен пораст на БДП. Како до 6%, 7%, 8% … на подолг рок. Јас сум сигурен дека може. Но, само ако го промениме аголот, пристапот и точките од коишто тргаат сите креации на македонските економски политики. Исто така и да ја промениме идеолошката матрица која не е променета овде уште од падот на комунизмот.
Сметам дека за една ангажирана и посветена влада како оваа, која донесе силни резултати во градењето на македонските позиции надвор и почна длабоки реформи внатре, сепак не е доволно ако се има во предвид дека само две и пол години е на власт … И сите сме свесни за тоа, како што сме свесни во какви услови во 2017 година (една тажна година за македонската економија поради сите дестабилизации што се случуваа произведени од власта на ВМРО ДПМНЕ која владееше цели 11 години).
Лошо менаџирање со БДП, и не докрај изработени политики и тоа цели три децении од независноста!?
Нашата земја, Република Северна Македонија, догодина ќе одбележи 30 години од независноста, а се добива впечаток дека политичките сили во земјата, и од власта и од опозицијата, се’ уште немаат консензус за тоа во кој правец ќе оди развојот на клучниот сегмент важен за опстанокот на земјата: порастот на инвестициите, отворањето нови работни места, зголемувањето на платите и атрактивноста за живеење овде, пристапот до финансиските средства, и како резултат на се’ демографската состојба на населението – забавување на иселувањето. И сетотоа има врска со насловот на оваа анализа.
Анализа на тоа како Македонија 29 години го менаџира својот бруто домашен производ (БДП). И дали воопшто го менаџира!? Сакам да покажам дека со стапки од 2% до 4% раст на БДП, Македонија не може да се надева на отскокнување од сегашната општествена состојба! Еве опис на состојбата …
Многу сиромашни граѓани кои се иселуваат, младите луѓе, се добро образовани. Но, најверојатно се општо образовани без вештини. Ова значи дека се погрешно образовани, и оттука, платите во приватниот сектор каде би требало реално да се создава најголемиот дел од општествениот производ, и каде многу се работи, платите се многу мали, дури и кај добро стоечките компании!
Поради лош менаџмент, во чести случаи без визија, работните места во приватниот сектор не се заштитени и постојано висат! Мотивот за работа е мал, револтот голем, следствено продуктивноста многу мала. Ова ги прави компаниите од Македонија неконкурентни на странските пазари.
Извозот е мал (од домашните приватни компании формирани од македонски граѓани), освен од зоните за странски инвеститори, увозот драматично голем, следствено трговскиот дефицит на земјата е убиствен.
Инвестиции во домашниот приватен сектор има, но далеку од доволно. Паралелно на тоа македонските приватни компании истоштени од транзицијата се презадолжени во банките!
Во банките има се’ и сешто во релациите со компаниите, па може да се види дека како производ на полу легални односи имате некои богати поединци приватно, чии компании се драматично задолжени. Тука останува впечатокот дека институциите немо гледаат пред можните криминали што се прават. Да видиме времето што ќе донесе.
Оттука, треба да се разбере дека гледано економски, всушност криминалот и корупцијата се форма на опстанок за инвеститорите кои ги наоѓаат сите можни начини како да дојдат до поголеми финансиски фондови! Преку нив се прават и кариери и пари… Значи што фали во приватниот сектор? Пари. Какви пари? Евтини секако, и она што фали е либерален пристап до парите.

GDP

За да биде оваа формула на БДП добра за Македонија потребно е да растат инвестициите во приватниот сектор и расходите на државата за капитални инвестиции кои ќе носат приходи. И двата овие индикатори на земјата се катастрофално лоши! И затоа ние се занимаваме самите со себе … И нема да мрднеме уште долго, ако не го смениме начинот на размислување и, се разбира бизнис моделот на правење пари во економијата и зголемување на БДП, кој за Македонија не смее да биде под 6% годишно и долгорочно. Но, таков раст не може да се прави само со занимавање како да ја зголемиме личната потрошувачка на сиромашните македонски граѓани.

Зошто е тоа така? И од каде да најдеме пари за развој?
Во Македонија ова е така затоа што цело време во сите години на независност се бавиме сами со себе. Секогаш имаме глупави теми ставени на маса за расправање и очи вадење, а никогаш во триесет години не ја видовме големата слика. На пример, погледнете ги листите на најголемите индустријалци во регионот, Србија, Хрватска, Словенија, па ако сакате и Црна Гора и Косово (за Бугарија и Романија да не дискутираме). Сите тие поединечно како компании, па ако сакате и како поединци приватно се во зона на огромни приходи и обрти во текот на годината, 500 милиони, 700 милиони и повеќе. А каде се нашите? Драматично подолу.
Овде научивме само цело време очите да ни се вперени во распределбата на БДП, а го изгубивме фокусот во тоа – како го создаваме БДП!?
Од каде ни се всушност нам и овие финансии и буџети што сега ги трошиме? Тоа е вистинското прашање … Како да го зголемиме и да создадеме нов БДП … Тоа е вистинскиот предизвик!?

GDP rast

Многу сиромашни граѓани кои се иселуваат, младите луѓе, се добро образовани. Но, најверојатно се општо образовани без вештини. Ова значи дека се погрешно образовани, и оттука, платите во приватниот сектор каде би требало реално да се создава најголемиот дел од општествениот производ, и каде многу се работи, платите се многу мали, дури и кај добро стоечките компании!

Еден многу прост пример!
За да илустрирам ова што кажувам за мојата земја, ќе се послужам со еден прост пример што сум го прераскажал повеќе пати: Отворате маалски дуќан за прехрана. Немате пари. Немате ниту заштеда кој знае каква … Одите кај лихвар и позајмувате 700 евра со 5% камата на месец! Купувате производи за 700 евра и ги редите на полиците. Продавате со просечна маржа од 10%! Во случај сe’ да продадете за еден месец сте заработиле само 70 евра. Од нив, 35 евра ќе ги дадете како камата кај лихварот … Но, тоа ќе се случи само ако продадете се’. Ако не продадете, немате толкава заработка, а обврската кај лихварот останува иста! Што сте направиле? Ништо … Сте ‘рмбале цел месец како вол за слама …
Како ќе ја надминете оваа состојба?
Или ќе влезете длабоко во овој ваш бизнис и ќе дојдете до можност во дуќанот да ставите производи во вредност од 5.000 евра и ќе правите разни продажни финти за да ја зголемите продажбата. Или второ, ќе го напуштите овој модел за преживување, и ќе барате друг модел. Барајте реален бизнис. Инвестирајте. Заработувајте повеќе. Мислете. Македонија се наоѓа токму во оваа приказна иста како примерот за овој маалски дуќан.
Да ја анализираме формулата за БДП од насловот на овој текст …
Растот на македонскиот БДП во годините наназад, како и овие неколку години, се должи на растот на личната потрошувачка на граѓаните (раст на платите на јавна администрација, платите во приватниот сектор растат преку фокусирање на владините политики, како и пензиите и социјална помош…).
Но, сите анализи за тоа како растот на личната потрошувачка влијае на македонскиот БДП покажуваат дека годишен раст може да биде само 2% до 3%, најмногу до 4%. Од друга страна, овој раст по дефиниција е неквалитетен оти содржи два дефекти…
Прво, личната потрошувачка се зголемува кај граѓаните кои претежно работат во јавната администрација, кај пензионерите, и отприлика тоа е тоа. Тука владините политики даваат најсилни видливи ефекти во краток временски рок.
Вториот дефект е прилично опасен и се објаснува со тоа што – со растот на личната потрошувачка, но во отсуство на домашни македонски производи произведени во домашната економија, ние всушност го финансираме увозот на производите! И така во голем дел се продлабочува трговскиот дефицит!
(Продолжува: Во следниот број – Што треба оваа држава да направи за повисок економски раст одржлив на подолг рок)

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×