Љупчо Зиков: Ситуација!
Објавено на од во Колумни
Zikov-kolumnaOна што може да се забележи сега откако почна кампањата за референдумот, е обид за внатре партиска битка и внатре владина битка за позиционирање и репозиционирање за тоа кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ! Се користи приликата! Некако на еден трошок и ова да се заврши! Повеќе од сигурно е дека таа личност, кандидатот, ќе биде и идниот претседател на Македонија! Овие процеси во себе кријат и многу замки! Кријат и замки за премиерот Зоран Заев!

 

Oна што се случува со хипер продукцијата на таканаречени скандали во последните денови и претенциозните инфантилни анализи во разните “телевизиски саботажи” укажува на еден единствен заклучок:

Случаите што ни се наметнуваат како скандали не се произведени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од други центри! Според мое убедување, претежно блиски на Илинденска! Веќе има и конкретни докази за тоа … ВМРО-ДПМНЕ не е! Тие не знаат главата кај им е и во моментот и не се способни за таква продукција!?

Во еден мој статус од август анализирав дека скандалите во Владата се произведуваат инспирирани од позиционирањето на трката за кандидат на СДСМ за претседател на државата! Со секој поминат ден тоа се потврдува!

Оттука, кујните за афери се внатре во “широкото владино општество” сфатено и како партии и коалиција, но и како конкретни личности, интересни групи … Повторно византиски игри иманентни за СДСМ.

Она што премиерот Зоран Заев, кој е и претседател на СДСМ, треба да го има во предвид е фактот дека – ако некому не му се наместат коцките да стане кандидат за претседател (што би било сигурна добитна комбинација со оглед на високиот рејтинг на СДСМ и посебно рејтингот на Заев), тогаш таквите сили може да одат во правец на креирање на неподнослива и неодржлива внатрешна конфронтација во Владата!

Заев мора да биде свесен дека високиот рејтинг на СДСМ во голема мерка влече енергија и логика од неговиот висок рејтинг, кој, пак, е изработен на терен во последните 13 години како најдобар градоначалник во Македонија, и особено во последните три години во кој со големо количество дрскост и херојство го урна митот на непобедливоста на ВМРО-ДПМНЕ! На многу конкретен начин!

Денес, владиниот тим и се што се вика Влада, сфатено директори, заменици, секретарки, пр менаџерки, шофери во 1.200 – те државни институции, во суштина грицка од тој рејтинг! Ако сакате и конкретни министри и разни други полови на моќ здружени во различни спреги своето позиционирање го црпат единствено од неговиот висок личен рејтинг!

Оттука, според мене обидите во овој период се …. релативизирање на владиниот квалитет! Релативизирање на конкретните економски резултати, резултатите во надворешната политика … Овие два големи сектори и резултатите постигнати таму бодат очи во СДСМ! И некој таму очигледно се нервира …. Затоа се произведуваат скандали … Веќе се насеќа и од каде доаѓаат …!?

Што сакам да порачам во оваа колумна?

Ваквиот развој на состојбите би можело да биде во правец на сценариото за креирање замка:

Замката е следна:

Седнува некој и на Заев му вели дека заради мир во куќа тој треба да биде кандидатот и идниот претседател на државата! Моето мислење е дека тоа е замката! Заев за претседател …

Не.

Ова би значело губење на Владата (извршната власт) и веројатно, па и сигурно) губење на лидерството во партијата! Тоа не е добро … Ни за Заев, а што е многу поважно за иднината на земјата! Тоа би било грешка.

Мое мислење е дека Заев треба да остане премиер, реформите не само да продолжат, туку и драматично да се продлабочат, кадровската политика мора да се подобри … Заев и е потребен на Владата и земјата во периодот на преговори со ЕУ. НАТО го сметам за завршена работа!

Замката е и кога Заев тврди дека ако со референдумот ништо не биде, тука некаде би бил крајот на овие “нашите” политики …

Не … Иако сметам дека за таква резерва од страна на премиерот нема место, оти референдумот ќе успее, сметам дека е замка ако така го советуваат некои во неговиот кабинет, да влегува во такво, според мене, неостварливо сценарио … Да повторам – колку и некој да сака тоа да се случи.

Премиере, тоа некој сака само да го слушне од Вас!

Договорот со Грција ќе успее, референдумот ќе успее, Владата што ти ја управуваш и менаџираш ќе продолжи со работа!

Има време и за поправки во договорот со Грција откако ќе седнеме во полноправното столче во НАТО! И откако ќе почнеме преговори со ЕУ!

Место за резерви за референдумот нема. Ќе успее. Овој народ нема глупо да одигра…!?

И ако глупо одигра овој народ, во стилот народот е во право и кога греши, за оставки нема место! Оваа Влада ќе продолжи со реформи! Како треба, ако треба и предвремени парламентарни избори, се разбира!

Заклучок:

  • Референдумот ќе успее
  • Дворските подметнувања на скандали ќе продолжат се до изборот на кандидат за претседател на Македонија! Не дека нема да продолжат и потоа!
  • Скандалите се подметнуваат внатре од своите! Кујните веќе се препознаваат!
  • Зоран Заев не треба да биде кандидат за претседател со цел спасување на единството во партијата! Затоа што Македонија ќе ја изгуби Владата и длабоките реформи, а Заев ќе ја изгуби партијата!?

Се разбира ова е само мое мислење!

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×