Мадрид ја потврди можноста за укинување на автономијата на Каталонија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шпанските власти денеска соопштија дека делумно или целосно ќе ја укинат автономијата на Каталонија, ако регионалните лидери не се откажат од прогласувањето независност на истата.

Доколку каталонскиот лидер, Карлес Пуџдемон, не се откаже од прогласувањето независност на областа, ќе биде применет членот 155 од Уставот на Шпанија, со кој се овозможува укинување на автономијата, изјави потпретседателката на шпанската Влада, Сораја Саенз де Сантамарија.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој побара од Пуџдемон да дејствува „разумно“.

Мадрид даде рок до утре во 10.00 часот по локално време, Пуџдемон да се откаже од независноста на Каталонија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×