Мадуро ги продава златните резерви
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Земјата која го купува златото на Венецуела ќе добие санкции од САД.

Nicolas-Maduro-957x598

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се договорил со Соединетите Арапски Емирати да им продаде 29 тони високо квалитетно злато од резервите на Централната банка во замена за евра во кеш, како би ја зголемил ликвидноста на економијата за увоз на основни производи. Првата пратка изнесувала 3 тони и била испратена на 26 Јануари,  деновиве ќе пратат уште 15, а следат уште 11 тони наредниот месец како дел од договорот. Лани Венецуела на Турција и’ продала нерафинирано злато во вредност од 900 милиони долари за истата цел, пишува Ројтерс.

Златото во Јануари било пренесено преку мал карго авион наречен Солар Карго од аеродромот Маикетиа во Каракас. Истиот авион ќе се користи и за останатите пратки.

Републиканскиот сенатор на САД, Марко Рубио, изјавил дека земјата која го купува златото на Венецуела ќе биде предмет на санкции.

Венецуела во Јануари 2018 година во Централната банка имала златни резерви од 150 тони кои служеле за стабилност на нејзината валута преку Банката на Англија (Bank of England), а во Ноември годинава тие се намалиле на 132 тони.

Некои се критични кон оваа политика на Мадуро, особено поради споредбата со Чавез кој купувал златни резерви.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×