Connect with us

технологии / компании

Magenta heartbeat: Дојче Телеком се претстави на Светскиот конгрес за мобилна телефонија 2023

објавено

на

Технологија и иновации за луѓето, животната средина и бизнисот под мотото „Кога технологијата ќе добие пулс“.

На Светскиот конгрес за мобилна телефонија (MWC) 2023 година, Дојче Телеком става акцент на технологијата фокусирана на човекот. Под мотото „Кога технологијата ќе добие пулс“, компанијата во Барселона ќе прикаже возбудливи иновации во мрежите и дигиталните апликации.

„Сакаме технологија со пулс, технологија како двигател за создавање подобар свет. Сакаме со помош на технологијата да ги надминуваме заедничките предизвици. За нашите корисници, екосистемот и општеството“, изјави Клаудија Немат, член на Управниот одбор за технологија и иновации во Дојче Телеком. „На MWC 2023, Дојче Телеком се фокусира на модерни опции за комуникации при итни случаи, иновативни мерки за заштеда на енергија и едноставни апликации за корисниците. А основата на сето ова се нашите отпорни и издржливи мрежи.“ 

Отпорни мрежи – прва конекција во вселената со помош на 5G технологија

Во случај на природни катастрофи, на мрежите им е потребен и резервен план. Дојче Телеком покажа како копнените и сателитските комуникации беспрекорно се спојуваат, осигурувајќи, во случаи кога ќе биде погодена инфраструктурата, да не дојде до прекин на контактот со корисниците. Антените и сателитите ги поддржуваат комуникациските мрежи. Доколку дојде до пад на мрежата, антените ќе одржуваат контакт со смартфоните на засегнатите корисници, а конекцијата ќе се пренасочува преку сателити. Сето тоа ќе биде возможно со користење 5G технологија, за прв пат во светот.

Поврзување од вселената и за Интернет на нештата

Интеракцијата на сателитите со копнените антени во иднина ќе одигра и клучна улога за глобалниот Интернет на нештата (IoT). За таа цел, Дојче Телеком работи со повеќе од 600 партнери за роаминг ширум светот, а за почеток воспостави соработка и со два даватели на сателитски услуги. Деловните корисници сега можат да се поврзат со своите IoT уреди каде и да се наоѓаат, било да е тоа океан или пустина. Центарот за IoT, пазарот на Дојче Телеком за IoT понуди, е преполн со разни производи коишто чекаат да бидат распоредени ширум светот.

Прво комерцијално распоредување отворена RAN мрежа со повеќе партнери

Дојче Телеком одлучи да се фокусира на отворена RAN мрежа како технологија за идните мрежи. Оваа технологија служи и како катализатор којшто ќе ја придвижи Европа кон дигиталната ера. За таа цел, компанијата, заедно со неколку партнери, веќе го објави првото комерцијално распоредување на отворената RAN мрежа. Со Nokia и Fujitsu во Германија и Mavenir во Европа, Дојче Телеком планира да ги опреми првите комерцијални мрежи. Распоредувањето се планира да започне во 2023 година.

Традиционалните радио пристапни мрежи се доставуваат како интегрирани решенија од само еден добавувач. Отворената RAN мрежа нуди нови интерфејси помеѓу различните делови на радио пристапната мрежа, овозможувајќи им на операторите да воведуваат компоненти од различни добавувачи. Стратегијата на Дојче Телеком е да промовира поголема разновидност на добавувачите и да ги забрза иновациите ориентирани кон корисниците во радио пристапната мрежа.

26.02.2023 Barcelona Mobile World Congress 2023 MWC 2023 Messestand Deutsche Telekom AG;

Фокус на одржливост – зелени мрежи и циркуларна економија

Целите на Дојче Телеком се мошне амбициозни: покрај климатската неутралност за сопствените емисии на CO2 до 2025 година, Групацијата се стреми да постигне и целосна климатска неутралност во целиот синџир на вредности најдоцна до 2040 година. На MWC, компанијата прикажува еколошки решенија за различни области на примена.

Одржливо пакување за подобра иднина

Дојче Телеком одлучи да го преосмисли и дизајнот на пакувањата со што се олеснува управувањето на отпадот.

Компанијата има за цел да ги направи своите технологии и опрема целосно подобни за рециклажа до 2030 година. Ова се однесува на сите производни линии, но и на барањата во однос на добавувачите. Кон средината на 2022 година, новите производи на Дојче Телеком за германскиот и европскиот пазар почнаа да добиваат одржливи пакувања. Еколошкото пакување е задолжително и за мрежната опрема, во која, меѓу другото, спаѓаат антените и рутерите. На пример, повеќе не е можно да се наиде на пластично пакување коешто не е биоразградливо.

Иновативни услуги за поголема удобност и безбедност

Истото се однесува и на сите нови решенија: Дојче Телеком се фокусира на животната средина. Подеднакво важно за компанијата е да ја заштити приватноста на луѓето и да ја зачува нивната безбедност.

Заштита за ранливите учесници во патниот сообраќај

„Се појави од нигде никаде“ – честопати ќе слушнеме по сообраќајна незгода меѓу велосипеди и моторни возила. Посетителите на Барселона низ игра дознаваат како Интернетот на нештата може да спаси животи во сообраќајот. Дојче Телеком и неговиот партнер Spoke ги водат посетителите низ различни критични ситуации во сообраќајот. Тие демонстрираат како мобилната мрежа на Дојче Телеком ги прави побезбедни улиците во паметните градови. Заедно, тие осмислија решение коешто им овозможува на велосипедите и автомобилите меѓусебно да се препознаваат. Со тоа улиците стануваат малку побезбедни.

Со eSIM преносот уредите се заменуваат лесно и безбедно

eSIM-картичките се практични и наскоро ќе ги заменат пластичните SIM-картички. Досега, при замената на паметните телефони, префрлањето на контактите од стариот на новиот уред беше многу посложено.

Google, Дојче Телеком и GSMA развија стандард за овој таканаречен eSIM пренос. Сопствениците на Pixel 7 ќе бидат првите што ќе ја користат оваа функција на мрежата на ДТ. Благодарение на новиот процес, корисниците можат веднаш да ги префрлат своите контакти од мобилниот телефон на својот нов уред, со само неколку клика. Стариот и новиот мобилен телефон мора да бидат блиску еден до друг. Со тоа, размената не е само едноставна, туку и безбедна. Веќе нема потреба да се симне некаква апликација, да се посети некоја веб-страница или да се повика корисничка поддршка.

Рутер за наједноставно работење и најдобри конекции

Со својот нов концепт за рутер базиран на RDK, Дојче Телеком планира дополнително да го подобри интернет искуството во иднина. Со помош на оперативниот систем којшто е развиен во рамките на самата компанија, функциите се поедноставени така што работењето е возможно преку апликација и без претходно знаење.

Wi-Fi се подобрува благодарение на активното управување со Wi-Fi, со што се овозможуваат оптимални конекции за сите уреди во домот. Механизмите за самостојно решавање проблеми, како што се менувањето на радио каналите, подесувањето на радио опсезите на уредите или неопходното повторно подигање на системот, се вршат автоматски. На овој начин, рутерите секогаш нудат најдобри перформанси.

Новитети за бизнисите

Посетителите на штандот за бизнис ќе можат да искусат и дигитални решенија за светот на бизнисот – од флексибилни конекции за компаниите до трансатлантски платформи за развој и приватни мрежи.

Иновативна компјутерска моќ

26.02.2023 Barcelona Mobile World Congress 2023 MWC 2023 Messestand Deutsche Telekom AG;

Дојче Телеком ги снабдува компаниите ширум светот со премиум интернет. Комбинира мошне флексибилен и скалабилен хардвер (uCPE кутија со Intel On Demand) и интернет конекција со карактеристики коишто гарантираат високи перформанси. Ова овозможува особено безбедни конекции. Компаниите одредуваат колкава компјутерска моќ им е потребна во даден момент преку флексибилен модел на плаќање. Ова значи дека тие во секое време ќе можат да ги приспособуваат перформансите на своите тековни деловни услови.

Квалитет на мрежата на барање со T-DevEdge

T-DevEdge е платформа за програмери којашто Дојче Телеком и T-Mobile US ја развијазаедно. Платформата којашто функционира меѓу повеќе земји и мрежи обезбедува лесен пристап до интерфејси за програмирање апликации (API).

Таа овозможува лесен пристап до различни својства на мрежата. Софтверските професионалци ја користат за програмирање корисни функционалности за бизнисите. На тој начин, овие мрежни API овозможуваат нови и иновативни апликации. Првите три мрежни API се веќе имплементирани во мрежата: квалитет на барање, проверка на локацијата и информации за статусот на уредот.

Siemens Energy веќе тестира мрежен API за квалитет на барање за да го оптимизира далечинското одржување. Техничарите на терен користат очила за аугментирана реалност и добиваат важни информации коишто се прикажуваат директно во нивното видно поле. Експертите ги користат тиеинформации за да им обезбедат поддршка на техничарите на терен при решавање сложени проблеми. API ја оптимизира латентноста и пропусниот опсег на мрежата за непречен пренос на податоци. Microsoft ги интегрираше мрежните API во својата cloud платформа за програмабилна поврзаност „Azure Programmable Connectivity“. Поради тоа, тие особено лесно се интегрираат во работните рутини на програмерите.

Microsoft Azure и приватна 5G за мали и средни претпријатија

Дојче Телеком и Microsoft Azure сакаат да работат заедно на креирање приватни 5G мрежи. Дојче Телеком веќе има силно портфолио на таканаречени кампус мрежи, коишто ги нуди за индустриска употреба во Европа. Следно е создавање скалабилен модел: плаќај-како-што-напредуваш. Со новата понуда, корисниците со постојна Azure архитектура ќе можат да ја усвојат 5G технологијата на особено лесен и економичен начин. Така, тие продолжуваат да се дигитализираат без да биде доведена во прашање нивната флексибилност. Решението нуди приватна мрежа којашто исто така може да се прошири на повеќе локации. Сигурни и безбедни: новоразвиениот концепт ги интегрира и новите и постоечките апликации.

Комерцијален ПР текст

економија8 часа ago

Уште една одлична година за Алкалоид: раст на продажбите, извозот и добивката

банки2 дена ago

Супер камати за супер брзите бизнис кредити од УНИБанка!

свет2 дена ago

Време е за купување на NUCOR!

свет1 недела ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки1 недела ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија1 недела ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании2 недели ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион2 недели ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју2 недели ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство