Маја Штериева: Економијата годинава ќе функционира во амбиент на неизвесност
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Имајќи ги предвид клучните економски параметри, 2017 година ќе биде слична на 2016 година и без оглед на тоа кој ќе ја формира идната влада на Република Македонија, исходот од предвремените парламентарни избори не се очекува да придонесе за значителна стабилизација на политичката ситуација во земјата, оценува главниот финансиски директор на Комерцијална банка, Маја Стевкова Штериева.

„Надополнето со претстојните локални избори во првата половина од 2017 година, тоа значи дека македонската економија ќе продолжи да функционира во амбиент на неизвесност, што неповолно ќе влијае врз оптимизмот на бизнис секторот. Во такви околности, може да се очекува дека домашниот приватен сектор ќе продолжи да биде внимателен во однос на позначајни нови инвестиции. Понатаму, важно е во 2017 година да биде сочувана макроекономската стабилност за што би помогнало започнувањето на процесот на фискална консолидација и постепено сведување на буџетскиот дефицит во зона на долгорочна одржливост“, вели Штериева.

На прашањето кои се најголемите предизвици за банките годинава, таа вели дека кредитната експанзија на банките ќе продолжи во 2017 година, пришто таа ќе биде во линија со перцепцијата за ризик.

„Во услови на отсуство на позначително забрзување на растот на економијата, а присутна политичка неизвесност, за банките останува доминантен кредитниот ризик. Растот на кредитите доминантно ќе се финансира од депозитната база, којашто остана стабилна, и покрај непотребните турбуленции во 2016 година, што се должи на високата доверба што економските субјекти ја имаат во банкарскиот систем на земјава. Дополнително, за банките останува ризикот од пролонгирање на меѓународните околности што продуцираат негативни каматни стапки на депозитите што банките од Република Македонија ги депонираат кај странски банки“, вели Штериева.

Во делот на правни лица во наредната година Банката ќе продолжи со внимателна кредитна политика бидејки ризиците сеуште постојат, додава Штериева.

„Банката ке настојува да ја зајакне конекцијата со постојните клинети но паралелно ќе биде отворена и за нови проекти за кои ке процени дека се профитабилни со прифатливо ниво на ризик. Општиот еконосмки амбиент е детерминиран од општите економски индикатори кои се познати и на кои Банката се прилагодува. Треба да се има во предивид дека растот на кредитирањето треба да е паралелен со пораст на вкупната економска активност. Очекуваме и подобар општествено-политички амбиент кој несомнено ке има позитивно влијание на економските трендови. Првиот клучен сигнал за позитивни промени ке биде зголемувањето на кредитите за нови инвестиции кои беа под посакуваното ниво во претходните години“, вели Штериева.

Таа проценува дека во сегментот домаќинства, во текот на 2017 година, се очекува умерен раст на кредитите. Притоа, економската и политичката стабилност се едни од главните фактори кои влијаат на задолжувањето на граѓаните, а пред се на капиталните долгорочни задолжувања, истакна Штериева, член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×