Маја Стевкова Штериева прв човек на Македонската Банкарска Асоцијација
Објавено на од во Економија
Д-р Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската Банкарска Асоцијација. Aктуелниот Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје доаѓа на местото на Коста Митровски, кому според статутот на Македонската банкарска асоцијација поради престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка предвреме му заврши мандатот. Ова е и единствената одлука на 11 седница на Собранието на МБА.
маја стериева “Благодарам на довербата што ми ја укажавте да ја предводам оваа значајна асоцијација. Македонската банкарска асоцијација е важен чинител во банкарскиот сектор во државата и иако дејствува како самостоен субјект релативно кратко време, во изминатиот период реализираше повеќе значајни активности. Во наредниот период ќе продолжиме со активностите и програмите кои МБА досега ги практикуваше, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на банкарскиот сектор, негово унапредување, и доближување кон сите засегнати страни. Впрочем, тое е и една од основните улоги на МБА “ истакна Штериева по назначувањето на новата функција.
Д-р Маја Стевкова Штериева кариерата ја почнува во Комерцијална банка 1993 година и до 2002 година работи во различни сегмени кои овозможуваат заокужување на искуството во банкарското работење, почнувајќи од Секторот за односи со странство, Самостоен референт во Дирекцијата за средства и ликвидност, вклучително и во Службата за работа со хартии од вредност. Во 2002 година е назначена за Директор на Дирекцијата за управување со ризици, а во 2005 година за Директор на Секторот за управување со ризици и планирање. Од 2008 година ја извршува функцијата Главен финансов директор и член на Управниот одбор.
Образованието го има оформено на Економскоот фактултет при Универзитетот „Кирил и Методија„ во Скопје , каде во 2012 година станува доктор на науки со докторат на тема „Оперативен ризик и корпоративно управување во финансиски институции“.
Учесник е на повеќе семинари, форуми, конеференциии во земјата и странство, меѓу кои позначајна е тренинг Програмата за управување со ризици организирана од универзитетите Georgetown University Washington и UW, Wisconsin, USA. Член е на надзорниот одбор на КБ Прво АД друштво за управување со пензиски фондови, член е на УО на Стопанската комора, претседател е на Координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална банка АД, како и поранешен претседател на УО на АБИТ.
Д-р Штериева е и предавач при економскиот факултет на Американ Колеџ Скопје, предавач на Програмата за управување со ризици и на Програмата за управување со кредитен ризик на Академијата за банкарство и информатичка технологија, Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×