Мајка Тереза ќе биде прогласена за света во септември
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Скопјанката Мајка Тереза во септември 2016 година ќе биде прогласена за света од Римокатоличката црква, објави италијанскиот печат. Avvenire, официјалното гласило на бискупската конференција, објави на својата интернет страница дека папата Францис ја потврдил одлуката за признавање на чудо што се припишува на нејзино застапништво пред Бога.

Мајка Тереза, која почина во 1997 година, на возраст од 87 години, беше беатификувана во 2003 година од папата Јован Павле Втори. Беатификацијата е последен чекор пред прогласувањето светост, и за неа е потребно едно признато чудо. Avvenire пишува дека второто чудо што ѝ се припишува на Мајка Тереза, а кое е потребно за канонизација, односно за прогласување светост, вклучува формално медицински необјасниво оздравување на човек кој страдал од фатална болест на мозокот. Членовите на семејството на болниот се молеле преку Мајка Тереза, и тој се опоравил, оставајќи ги докторите без можност да објаснат како.

Пред замонашувањето на Мајка Тереза родено/крстено име ѝ било Агнеза Гонџа Бојаџиу, а родена е во Скопје, во 1910 година, во семејство на Албанци католици. Основач е на редот Мисионерки на милосрдието, посветен на помагање на најсиромашните на улиците на индискиот град Калкута. Нобеловата награда за мир Мајка Тереза ја доби во 1979 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×