Мајкл Блумберг ќе го покрие финансиското учество на САД во Парискиот климатски договор
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, ќе напише чек на 4,5 милиони долари, за да го покрие финансиското учество на САД во Парискиот договор за климата годинава.

Лани американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот, со што Америка стана единствена држава што е против истиот. Блумберг во интервју за СиБиЕс рече дека се надева оти Трамп ќе го смени ставот догодина.

Поранешниот градоначалник на Њујорк ќе продолжи да дава пари за договорот за климатските промени дури и ако САД не се вратат во него.

„Фондацијата на Блумберг ќе го исполни ветувањето да ги покрива сите наметнати од федералната влада кратења на расходите на САД за климата“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×