Мајкл Џордан сѐ уште најзаслужен за растот на приходите на Nike
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американската мултинационална корпорација Nike во минатото тромесечие остварила чиста добивка од 785 милиони долари, што е за 20% повеќе во однос на истиот период лани, а најголемиот светски производител на спортска опрема јавува и дека има силен раст на порачките. Приходите на Nike во тромесечието што заврши во ноември пораснале за 4,1% (во однос на истиот период лани), на 7,7 милијарди долари. Во САД кои се најголем пазар за Nike, приходите пораснале за 9,4%, најмногу поради дури 12,3 отстотниот раст на продажбата на патики, од кои компанијата најмногу приходува.

Најмногу се купувале патиките што се водат како кошаркарски модели, а одат под брендовите Jordan, LeBron и Kobe. Со задоволство во извештајот на Nike се објавува дека порачките од декември до април идната година на светско ниво пораснале за 20%, правејќи ги аналитичарите кои предвидуваа раст од „само“ 13% да изгледаат како песимисти. Ниту ослабениот раст на кинеската економија, и, соодветно, на тамошната потрошувачка, не му наштетиле на Nike – порачките во најнаселената држава пораснале за цели 34%. Резултатите подобри од очекувањата на аналитичарите направија цените на акциите на Nike вчера (кога беше објавен извештајот) да скокнат за 2,5%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×