Мајкл Мур прави филм за Трамп за кој ветува дека ќе биде „експлозивен“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот режисер Мајкл Мур работи на документарен филм за Доналд Трамп, од кој, според зборовите на Мур, претседателот на САД има зошто да биде загрижен.

Филмот се вика Фаренхајт 11/9, а името доаѓа од денот (раните часови на денот по изборите во Америка – 9 ноември), кога Трамп беше објавен за новоизбран претседател на САД, и истовремено е референца кон филмот на Мур од 2014 година, за претседателот Џорџ Буш, Фаренхајт 9/11.

Режисерот кој работел на филмот последниве месеци ветува дека Фаренхајт 11/9 ќе биде „експлозивен“.

„Што и да фрлате по него (по Трамп, н.з.) не функционира. Без разлика што се разоткрива за него тој останува на место. Фактите, реалноста, умот, не можат да го победат. Дури и кога се самоповредува, следното утро станува, продолжува и пишува на Твитер. Сето ова завршува со овој филм“, изјави Мур.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×