Мајкрософт ќе плати 25,3 милиони долари казна поради поткуп
Објавено на од во Компании
Мајкрософт се согласи  да плати околу 25,3 милиони долари, поради поткуп на владини претставници на Унгарија и други земји, јавува Ројтерс.
мајкрософтОдделот за правда на САД изјави дека Мајкрософт Унгарија ќе плати казна од 8,75 милиони американски долари, откако “ја призна, прифати и потврди” одговорноста за несоодветното однесување на вработените.
Мајкрософт, исто така, се согласи да плати скоро 16,6 милиони долари за да се решат поврзаните граѓански обвиненија од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД за своите активности во Унгарија, Саудиска Арабија, Тајланд и Турција, без да го признае престапот.
Според обвиненијата, “Мајкрософт” го прекршил федералниот закон за надворешни коруптивни практики, откако фирмата со седиште во Вашингтон, Редмонд, не успеала да ги објасни спорните плаќања во своите записи.
Во е-маил до вработените, претседателот на Мајкрософт, Бред Смит, рече дека седиштата на компанијата “толерирале недолично однесување на вработените кое било целосно неприфатливо” и рече дека “мал број” на вработени кои се вклучени во Унгарија ја напуштиле компанијата.
“Нема простор за компромис кога станува збор за етичките деловни практики”, напишал Смит во насловот на е-поштата.
Обвинителите рекоа дека унгарската шема генерирала најмалку 14,6 милиони долари несоодветна добивка за Microsoft помеѓу 2013 и 2015 година, во врска со продажбата на софтверски лиценци за унгарските владини агенции.
Раководителите и вработените во “Мајкрософт Унгарија”, со седиште во Будимпешта, беа обвинети дека лажно го информирале “Мајкрософт” дека се потребни големи отстапки за да се завршат трансакциите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×