Мајкрософт повторно со 1 трилион долари капитализација
Објавено на од во Економија
Технолошкиот лидер Microsoft за кратко достигна 1 трилион долари пазарна капитализација откако од раководството на компанијата најавија очекувања за раст на бизнисот со клауд услуги, соопштува Reuters.
Microsoft corporate officeАкциите на гигантот поскапеа за 4,4% до 130,54 долари за време на доцната трговија во средата. Во последниве месеци двете компании, Мајкрософт и Епл заедно со Amazon се бореа за првото место.
Од почетокот на годината, хартиите од вредност на “Мајкрософт” додадоа 23% на нивната вредност.
Под управувањето на Сатја Надела компанијата се пренасочи од оперативниот систем Windows на понудата на клауд услуги. Главниот производ во овој сегмент, Azure, се натпреварува со лидерот Amazon Web Services.
За кварталот, Azure предвидува раст од 73% при раст од 76% за претходниот квартал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×