18 јуни, 2026
1 минута читање

Мајсторија на денот: Со 9 центи до 4,3 милиони чист профит!

Милионски шок на Polymarket: Како Зелено`ртските Острови „изгореа“ еден трејдер, а друг направи 4,3 милиони долари!

Светското првенство во фудбал во 2026 година донесе револуција која засекогаш го менува начинот на кој го следиме спортот. Наместо во класичните обложувалници, вистинската драма се пресели на платформите за предвидување (prediction markets) како децентрализираниот Polymarket и американскиот регулаторен гигант Kalshi, каде фудбалот доби своја вистинска берза.

Тука нема фиксни коефициенти. Се тргува со „YES/NO“ договори (акции) чија вредност флуктуира од $0.00 до $1.00 во реално време, директно зависно од понудата и побарувачката. А натпреварот меѓу Шпанија и Зелено`ртските Острови (0-0) штотуку влезе во историјата како најбруталната прераспределба на капитал во историјата на спортот.

Трагедија од 1 милион долари за „сигурни“ 85 илјади

Дека пазарите на предвидувања можат да бидат сурови, на своја кожа почувствува анонимен трејдер кои бркаше брз профит. Тој вложи дури 1 милион долари на победа на Шпанија по цена од $0.92, верувајќи дека 92% веројатност за триумф на фаворитот е „сигурна работа“. Шокантното реми без голови ја сведе вредноста на неговата милионска позиција на нула за само 90 минути.

Мајсторија на денот: Со 9 центи до 4,3 милиони чист профит!

Но, додека еден плачеше, друг славеше историска заработка. Трејдерот со корисничко име “Fishalive” направи златна проценка на истиот меч. Тој ја искористил неверојатно ниската цена на акциите за нерешен исход, кои во тој момент се тргувале за само 9 центи ($0.09) по акција.

„Fishalive“ инвестирал околу 427.000 долари на овој исход. По последниот судиски свиреж, секоја негова акција скокна на вредност од $1.00, што му донесе бруто исплата од над 4,7 милиони долари – односно чист профит од неверојатни 4,3 милиони долари!

За лудилото да биде комплетно, блокчејн аналитичарите открија уште еден нов крипто-паричник на Polymarket кој вложил 4,22 милиони долари на Зелено`ртските Острови со хендикеп (+2.5 гола). Овој мистериозен „кит“ по натпреварот си повлече „купче“ од дури 13,28 милиони долари (9 милиони чист профит).

Фудбалскиот „Волстрит“ ги залуде трејдерите

Покрај оваа милионска драма, еве кои пазари најмногу го брануваат Светското првенство:

Војна на титаните: Најликвидниот пазар за „Освојувач на СП“ се претвори во деј-трејдинг бојно поле меѓу Франција и Шпанија. Двете селекции постојано си го преземаат водството со имплицирана веројатност од околу 16% (16 центи по акција).

Аномалијата Узбекистан: Пазарот за тоа дали Узбекистан ќе стане шампион надмина 58 милиони долари во волумен. Трејдерите воопшто не веруваат во нив, туку масовно вртат капитал само за да ги „соберат“ наградите за ликвидност кои Polymarket ги доделува на активните корисници.

Брзи пари на ВАР и AI: Kalshi ги залуде играчите со микро-пазари во живо, како на пример: „Дали следната ВАР проверка ќе трае повеќе од 2.5 минути?“. Дополнително, напредниот AI агент на Kalshi, Harrison, во реално време ги калибрира шансите за најдобар стрелец, принудувајќи ги трејдерите постојано да ги менуваат позициите за Мбапе, Кејн и Винисиус.

Заклучок на Cryptool: Традиционалното емотивно навивање и класичните обложувалници добија сериозен, технолошки супериорен конкурент. Пазарите на предвидувања повеќе не се иднина – тие се сегашност, каде секоја секунда на теренот се претвора во милионска трансакција на блокчејнот.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ