Македонија бара да позајми 270 милиони евра со еврообврзница
Објавено на од во Финансии

Министерството за финансии се премисли па наместо првично најавените половина милијарда евра, понуди на меѓународниот финансиски пазар еврообврзница од 270 милиони евра со камата од 5,375% и рок на враќање од пет години, јавува Bloomberg повикувајќи се на анонимен извор информиран за оваа операција.

Bloomberg пишува дека одлуката на Македонија да се задолжи со еврообврзница доаѓа во време кога каматите на пазарот се ниски, меѓутоа, сепак ова би било поскапо задолжување во однос на ланската еврообврзница, кога каматата изнесуваше 3,975%.

Приносот што го носи оваа еврообврзница што доспева во 2021 година, според Bloomberg денеска изнесува 4,93%.

„Почетната камата вклучува висок принос за да се купи еврообврзницата“, коментира Луц Рохмејер, директор во Landesbank Berlin Investment GmbH, кој што има намера да купи од обврзниците.

„Сега е добро време за Македонија да продаде бидејќи расположението на пазарот е подобро сега“.

Citigroup Inc., Deutsche Bank AG и Erste Group Bank AG го организираат издавањето на македонската еврообврзница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×