18 февруари, 2026
6 mins read

Македонија добро помина! Со САД царини до 15%, но и 0% за одредени производи

За разлика од договорот на САД со Тајван, а според слободната анализа за состојбата на македонската економија, која во секој случај се соочува со недоволен развој, отсуство на искористување на огромните капацитети и потенцијали за производство на храна, на пример (за останатите важни индустрии не може да стане ниту збор), може да се каже дека можеби овој договор со САД е многу важен за некои индустрии, но за целата економија на Македонија, поради нашата индифирентност и инфериорност, трговските односи на Македонија со САД можеби никогаш не биле најважни. Оттука, постигнатиот договор со САД можеби има повеке симболично значење во вкупната трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со царините. Во секој случај треба да се каже дека постигнатиот договор има силно суштинско политичко значење за Македонија.

Според Рамката на договореното во Вашингтон, Македонија се обврзува да ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД, додека САД задржуваат реципрочни царини на ниво од 15% за производи од Македонија.

Овој договор се оценува за асиметричен, сотоа што содржи компонента на реципрочен пристап. Различно се третираат царините помеѓу двете земји. Асиметричен значи дека условите не се идентични за двете страни. Но, и двете земји прават отстапки. Тоа значи дека Македонија и САД ќе имаат различни царински стапки. Сепак, двете страни се согласуваат на реципрочни услови, што подразбира дека секоја страна ќе направи одредени отстапки во своите царински политики.

Објаснување

Со други зборови, Македонија се обврзува да ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД. Ова е значајно за стимулирање на увозот на американски производи во Македонија и за подобрување на трговските односи.

Реципрочни царини од САД значи дека  САД, сепак, ќе задржат царини на ниво од 15% за производите што доаѓаат од Македонија. Ова значи дека, иако Македонија ја укинува царината за американските производи, а со оглед на тоа дека нашата земја се наоѓа во Европа и има договори за слободна трговија во регионот и на други места надвор од Европа, САД ќе задржат одредена царинска стапка за македонските производи. Оваа мерка е важна за заштита на американските производители од можната конкуренција.

Извршната наредба 14257: Оваа наредба се однесува на конкретни регулативи и правила кои управуваат со царинските стапки и трговските односи помеѓу двете земји.

Од друга страна, пак, според Анекс III на Извршната наредба 14346: Вашингтон ќе идентификува производи од овој анекс за кои може да се применува реципрочна царинска стапка од 0%. Ова значи дека некои производи можат да бидат ослободени од царини, што дополнително ќе поттикне трговија и размена на стоки помеѓу САД и Македонија. Ова би можело да значи дека со овој Анекс би се опфатиле важни производи, но произведени во Македонија.

Дополнителни прилагодувања на царините, би имало по потпишувањето на договорот. Се вели дека, двете земји планираат да направат дополнителни прилагодувања на царините. Овие прилагодувања ќе бидат врз основа на трговските биланси (разликата помеѓу увозот и извозот) и други релевантни фактори, што значи дека двете земји ќе се стремат да ги усогласат условите на начин кој ќе биде корисен за обете страни.

Овој дел од договорот е важен за создавање на рамнотежа во трговските односи и за подобрување на економската соработка помеѓу Македонија и САД.

Се губи или се добива?

Според слободната анализа за состојбата на македонската економија, која во секој случај се соочува со недоволен развој, отсуство на искористување на огромните капацитети и потенцијали за производство на храна, на пример (за останатите важни индустрии не може да стане ниту збор), може да се каже дека можеби овој договор со САД е многу важен за некои индустрии, но за целата економија на Македонија, поради нашата индифирентност и инфериорност, трговските односи на Македонија со САД можеби никогаш не биле најважни. Оттука, постигнатиот договор со САД можеби има повеке симболично значење во вкупната трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со царините. Во секој случај треба да се каже дека постигнатиот договор има силно суштинско политичко значење за Македонија.

Можеби најважната поента од Договорот е што двете страни ќе работат заедно на справување со непазарни политики на трети земји, спречување на избегнување на царини, како и во прегледите на инвестиции и контрола на извозот. Енергетиката се истакнува како стратешка област. Двете земји најавуваат изградба на нов гасен интерконектор помеѓу Македонија и Грција, кој ќе ја зајакне енергетската безбедност и ќе овозможи диверзификација на изворите на снабдување, вклучувајќи набавка на американски течен природен гас (LNG) по завршувањето на проектот.

Но, да се вратиме на штотуку постигнатиот трговски договор. Вашингтон, исто така, ќе идентификува производи од Анекс III кон Извршната наредба 14346, за кои може да се применува реципрочна царинска стапка од 0% (одлично за Македонија, но тоа ке треба да се испреговара – за кои производи???). По потпишувањето на договорот, двете земји планираат дополнителни прилагодувања на царините, земајќи ги предвид трговските биланси и други релевантни фактори. Фокусот не е само на царините, туку и на нетарифните бариери. Двете влади ќе се ангажираат за решавање на загриженостите на САД во однос на регулаторни пречки што влијаат на билатералната трговија, особено во приоритетни области.

Договорот со САД има многу поширока важност за Македонија

Инаку, Договорот предвидува постојани комуникации и консултации за справување со бариерите за американските земјоделски производи на македонскиот пазар. Економската соработка опфаќа и аспекти надвор од трговијата со стоки. Договорот истакнува зајакнување на соработката во областа на економската и националната безбедност, со цел подобрување на отпорноста на синџирите на снабдување и поттикнување на иновациите.

Двете страни ќе работат заедно на справување со непазарни политики на трети земји, спречување на избегнување на царини, како и во прегледите на инвестиции и контрола на извозот. Енергетиката се истакнува како стратешка област. Двете земји најавуваат изградба на нов гасен интерконектор помеѓу Македонија и Грција, кој ќе ја зајакне енергетската безбедност и ќе овозможи диверзификација на изворите на снабдување, вклучувајќи набавка на американски течен природен гас (LNG) по завршувањето на проектот.

Во рамките на Договорот, Македонија се обврзува да одржува високо ниво на заштита на животната средина и да ги спроведува своите еколошки закони. Планирани се разговори за заштита на правата од интелектуална сопственост и соработка во областа на трудот. Дигиталната економија исто така добива важно место.

Дигитални услуги и трговија

Македонија се обврзува да не воведе данок на дигитални услуги и да поддржи усвојување на мораториум за царински давачки на електронски преноси во рамките на Светската трговска организација.

Дополнително, Македонија ја потврдува својата посветеност кон Заедничката иницијатива на СТО за внатрешна регулатива во областа на услугите, со акцент на олеснување на трговијата со услуги и воспоставување високи стандарди во дигиталната трговија. САД и Македонија најавуваат дека ќе работат на финализирање на текстот и подготовка за потпишување и спроведување на внатрешните процедури пред договорот да стапи во сила. Целта е продлабочување на трансатлантското партнерство и поддршка на заедничките стратешки интереси, отворајќи нова фаза во економските односи помеѓу двете земји.

Договорот предвидува постојани комуникации и консултации за справување со бариерите за американските земјоделски производи на македонскиот пазар. Економската соработка опфаќа и аспекти надвор од трговијата со стоки. Договорот истакнува зајакнување на соработката во областа на економската и националната безбедност, со цел подобрување на отпорноста на синџирите на снабдување и поттикнување на иновациите.

Дигиталната економија: Оваа терминологија се однесува на економските активности кои се управуваат преку интернет и дигитални технологии. Вклучува електронска трговија, дигитални услуги, социјални медиуми и други онлајн платформи.

Значи обврска на Македонија: Македонија се обврзува да не воведува данок на дигитални услуги. Ова значи дека владата нема да наметнува даноци на компании кои нудат дигитални услуги, како што се интернет рекламирање или стриминг услуги. Оваа стратегија е наменета за поттикнување на развојот на дигиталниот сектор и привлекување инвестиции.

Мораториум за царински давачки: Македонија поддржува усвојување на мораториум, што значи привремено запирање на царинските давачки на електронски преноси. Ова е важно за олеснување на трговијата со дигитални производи и услуги, бидејќи ќе намали трошоците за компании и корисници.

Исто така, Македонија ја потврдува својата посветеност кон Заедничката иницијатива на Светската трговска организација (СТО) за внатрешна регулатива во областа на услугите. Оваа иницијатива се фокусира на создавање унифицирани правила и стандарди за дигиталната трговија на глобално ниво, што ќе овозможи поголема транспарентност и предвидливост во трговијата.

Олеснување на трговијата: Акцентот на олеснување на трговијата со услуги укажува на напорите да се направи процесот на купување и продажба на дигитални услуги полесен и побрз. Ова може да вклучува намалување на административните бариери и подобрување на пристапот до дигитални платформи.

Високи стандарди во дигиталната трговија: Македонија се залага за воспоставување на високи стандарди во дигиталната трговија, што значи дека ќе работи на подобрување на квалитетот на дигиталните услуги и заштита на правата на потрошувачите.

Овој дел од документот нагласува важноста на дигиталната економија за развојот на Македонија и нејзината посветеност кон модернизација и интеграција во глобалните економски текови. Дигитализацијата е клучна за економски раст и иновации, и Македонија се обидува да создаде поволно опкружување за развој на овој сектор.

САД и Тајван дојдоа до историски договор: Вашингтон ги намалува царините на 15%, а Тајпеј ги брише речиси сите царини! Многу слично со Македонија…

Меѓу другото, Тајван ќе купи течен природен гас во вредност од 44,4 милијарди долари, патнички авиони и мотори во вредност од 15,2 милијарди долари, како и опрема и генератори за електрична мрежа, поморска опрема и опрема за производство на челик во вредност од 25,2 милијарди долари од американски добавувачи.

САД и Тајван потпишаа конечен трговски договор според кој Вашингтон ќе ги намали тарифите за тајванската стока на 15%, додека Тајпеј се обврза на план за елиминирање или намалување на тарифите за речиси сите американски стоки.

Според одредбите од договорот, Тајван, исто така, се обврза да купува повеќе американски суровини и стоки во периодот од 2025 до 2029 година.

Меѓу другото, Тајван ќе купи течен природен гас во вредност од 44,4 милијарди долари, патнички авиони и мотори во вредност од 15,2 милијарди долари и опрема и генератори за електрична мрежа, поморска опрема и опрема за производство на челик во вредност од 25,2 милијарди долари од американски добавувачи.

Конечниот договор ги наведува техничките детали од трговскиот договор постигнат во јануари со кој американските тарифи за тајванската стока, вклучително и оние од секторот за полупроводници, клучен за економијата на Тајван, се намалени од 20% на 15%.

Конечната верзија на договорот не ги прецизираше деталите за овие инвестиции, но се наведува дека канцеларијата на претставникот на Тајван во САД ќе соработува со американските власти за да се постигне договор за дополнителни инвестиции во изградба на нови погони и модернизација на старите „во стратешки високотехнолошки производствени сектори, вклучувајќи вештачка интелигенција, полупроводници и напредна електроника“.

Во договорот од јануари, официјалните компании од Тајпеј и Тајван ветија дека ќе инвестираат 250 милијарди долари во зајакнување на американските сектори за полупроводници, енергија и вештачка интелигенција, вклучувајќи инвестиција од 100 милијарди долари претходно обврзана од производителот на чипови TSMC. Тајванската влада ќе гарантира уште 250 милијарди долари инвестиции во САД. Во периодот од јануари до ноември 2025 година, трговскиот дефицит на САД во размената на стоки со Тајван беше речиси двојно поголем од истиот период во 2024 година и изнесуваше 126,9 милијарди долари, првенствено поради силниот скок на увозот на висококвалитетни чипови за вештачка интелигенција, покажаа податоците од Бирото за статистика на САД.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ

Не пропуштај