Македонија гласаше за Европа!
Објавено на од во COVER STORY

Parlamentarni izbori - kovidПарламентарни избори 2020

На гласањето завчера македонските граѓани избраа да продолжат напред – двата пратеници плус и разликата од околу 14 илјади гласови во корист на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ јасно ја отсликаа одлуката европските интеграции да се стават над сите неисполнети ветувања за реформи, ама и над лажниот патриотизам и националистичките рамки во коишто ВМРО – ДПМНЕ ја водеше својата изборна кампања.
Македонските граѓани избраа да продолжат напред – двата пратеници плус и разликата од околу 14 илјади гласови во корист на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ јасно ја отсликаа одлуката европските интеграции да се стават над сите неисполнети ветувања за реформи, ама и над лажниот патриотизам и националистичките рамки во коишто ВМРО – ДПМНЕ ја водеше својата изборна кампања.
Кампањата, изборите, но и ова што сега ќе следува од аспект на преговори за формирање на нова Влада, се исклучително интересни за анализа имајќи го предвид распоредот на силите во Парламентот – СДСМ и Коалицијата 46, ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата 44, ДУИ 15, Алијанса на Зијадин Села 12, Левица 2 и ДПА 1.
cover-politika-1Кој како помина?
Можните комбинации за составот на владата се многу. Прв ќе се обиде тоа да го стори Зоран Заев како мандатар и лидер на коалицијата што освои најмногу гласови. За Заев ова беа избори – пресвртница. Неговата партија прв пат победува после 18 години и тоа после направени огромни чекори како влез во НАТО и зелено светло за почеток на преговори со ЕУ преку (за многумина граѓани) болниот компромис со Грција и додавката Северна на државното име Македонија. Сепак, имајќи ги предвид резултатите и особено добриот резултат во првата изборна единица (каде носител беше директно потписникот на Преспанскиот договор) наспроти другите единици, се појасно е дека фамата оти разочараноста на граѓаните околу овој Договор е замајување и дефокус од вистинскиот проблем и за партијата и за земјата – а тоа е слабиот резултат на полето на борба со криминалот, бегството на ликот – синоним за криминалното децениско владеење Никола Груевски, а и бавните чекори во сите други сфери како култура, образование, екологија… Победата му дава сила и го турка Заев побрзо кон Брисел, но истовремено и го обврзува фокусот сега да му биде дома со силна и ефективна испорака на резултати во сите овие области. Фактот што есенва Македонија конечно почнува преговори сигурно ќе му биде од корист.
Заев на овие избори излезе со многу директна порака дека досегашниот коалициски партнер Али Ахмети и неговата ДУИ треба да оди во опозиција како еден од клучните кочничари на неопходните реформи, особено во областа на правосудството.
Ахмети ја зграпчи оваа фрлена ракавица и излезе со ветување пред гласачите дека ќе обезбеди премиер Албанец нудејќи го натпартискиот кандидат Насер Зибери како погоден за таа функција. Оваа националистичка линија очигледно успеа – Ахмети си доби 10 пратеници повеќе од минатите избори устоличувајќи се повторно на позицијата од која изгледа дека е невозможно во новата Влада да го нема него.
ВМРО – ДПМНЕ изгуби 140 илјади гласови повеќе од 2016. Кампањата ним им ја одбележаа две нишки – остра реторика против Преспанскиот договор и ветување за некаков тип на национална држава на Македонците, што ни самите до крај не успеаја да го објаснат. Играта на картата на антизападните и анти-интегративни процеси, но и на надуваниот национализам на ВМРО – ДПМНЕ од година во година му оди се полошо и пораката е јасна дека време е оваа партија да се реформира, модернизира и конечно да заличи на една вистинска, европска десница, таква каква што на општеството му треба и допрва ќе му треба.
ВМРО – ДПМНЕ не успеа, но македонскиот национализам „запали“ кај Левица, партијата што прв пат влегува во Собрание, преку ултранационалистичка реторика и ветувања за поништување на Преспанскиот договор и напад врз НАТО членството.
ДПА остана на еден пратеник и можноста да биде вклучена во некакви математики околу составот на новата Влада.
А токму од тоа како ќе изгледа новата Влада ќе зависи во суштина и анализата за тоа што може да се очекува во потезите што ќе ја цртаат македонската иднина.
04-09-4Кој влегува во Парламент?
Во првата изборна единица „Можеме“ освои осум мандати, а  како пратеници влегуваат Никола Димитров, актуелен министер за надворешни работи, како и неговите досегашни колеги вицепремиерката Мила Царовска, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Моника Зајкова, млад кадар од редовите на ЛДП, како и Дарко Каевски, сегашен директор на Агенцијата за млади и спорт.  Во пратеничките клупи во единицата влегуваат и Горан Мисовски од НСДП, Кастриот Реџепи од Беса, како и Георгиевска Марија од СДСМ.  Со оглед на можното одење во Влада на некои од нивните претходници, од СДСМ како пратеници ќе влезат и Мирослав Богдановски, Снежана Калевска-Ванчева, како и Диме Велковски. Дали и оние што се после него на листата ќе имаат среќа да влезат во Собрание, ќе зависи кој од претходниците ќе замине на извршна функција.
Од ВМРО ДПМНЕ, која во единицата освои седум места, во пратеничките клупи влегува носителката на листата, професорката Гордана Силјановска-Давкова, заедно со нејзиниот колега од правниот факултет, Тимчо Муцунски. Пратенички места добиваат и Синиша Стојаноски, како и Бети Стаменкоска-Трајкоска, Љупчо Димовски, кој беше осомничен за настаните од 27 април, но не се докажа неговото учество во овие инциденти, Љупчо Пренџов, долгогодишен партиски активист на ГРОМ и како и Велика Стојкова-Серафимовска.
Од ДУИ која има во единицата два мандати, влегуваат поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, како и Арбен Зибери, доскорешниот директор на Институтот за јавно здравје, кој беше сменет од министерот Филипче. Ако овие двајца добијат места во Владата, на нивно место надеж да дојдат имаат Шермин Мамут, како и Мерсут Јакупи.
И Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат по две места и ги добиваат Скендер Реџепи и Абдула Салиу.
Од единицата влегува и првиот човек на Левица, Димитар Апасиев.
Во Двојката од СДСМ добитни позиции имаат досегашниот технички премиер и дотогашен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, пратеникот Мухамед Зеќири, Даниела Маркоска, како и Мартин Костовски, сегашен директор на Службен весник, Љатифе Шиковска, активистка за човекови права, како и Бастри Бајрами од БЕСА, поранешен градоначалник на Арачиново.  Пратеник може да стане и Славјанка Петровска, сегашна дополнителна заменичка во МВР.
cover-politika-2Од ВМРО ДПМНЕ влегуваат потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стољковиќ од Демократската партија на Србите, Жаклина Пешевска, Дарко Костовски, Бојан Стојаноски.
Министерот за образование Арбер Адеми е сигурен од ДУИ, иако може да се очекува дека пак ќе биде министер, а после него на пратеничката листа се Берат Ајдари, Мерита Колчи-Коџаџику.
Од Алијанса за Албанците и Алтернатива во двојката сигурен е првиот човек на Алтернатива Африм Гаши, кко и Ељми Азири и Шафие Садику-Шаини, а сосема мали надежи имаат и Бујари Абази и  Џезми Нухи.
Во третата изборна единица е партискиот секретар на СДСМ и носител, Љупчо Николовски, Јагода Шахпаска, како и Сашко Николов, Маја Морачанин од ДОМ, Ненад Коциќ, како и Соња Михаиловска, Љупчо Балковски, кој е од ВМРО-Народна, Марија Ангелова, како и пензионираниот генерал Илија Николовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ во Тројката добитни се десет места, и тоа партискиот генерален секретар Игор Јанушев, а следуваат и Иван Јорданов, Благица Ласовска, како и професорката Иванка Василевска, потоа Стојан Миланов, Игор Здравковски, Миле Лефков, пратеникот и координатор на досегашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, како и Даниела Христова и Марија Петрушева.
Како пратеник од трета изборна единица ќе седне и уште еден пратеник од Левица, Борислав Крмов.
Во Четворката сигурни пратенички позиции имаат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а по него влегуваат Соња Мираковска, Миле Талевски, како и Даниела Колева, Панчо Минов од ГРОМ, Марија Костадинова, партискиот портпарол и сегашен пратеник Костадин Костадинов, Лолита Ристова, Коле Чаракчиев, како и Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, а сегашен коалициски партнер на СДСМ. Ако некој оди погоре, само во таков случај можат да влезат Драгица Ѓавончанова и Љубица Спасова.
cover-politika-3Од ВМРО-ДПМНЕ  во четворката сигурни се партискиот потпретседател Александар Николовски, Ане Лашкоска, Данчо Ефтимов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелина Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, а не добија места Ердоган Сарач од Партијата на Турците, како и Биљана Петрушева.
Од петтата изборна единица влегуваат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, Јован Митрески од Струга, како и Бисера Стојчевска-Костадиновска, Лазе Таневски, Бети Наумовска-Рабаџиевска, Енес Ибрахим, Боби Мојсоски и Жаклина Лазаревска. На сигурната листа на чекање веројатно е и Горан Козаров, а можеби и Самка Ибраимоски, коалиционен партнер, кој и досега беше пратеник.
Од ВМРО-ДПМНЕ пратеник сигурно станува пејачот Игор Дурловски, како и долгогодишниот пратеник Антонио Милошоски. Потоа, влегуваат и Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лозановска, Ѓоргија Сајкоски, како и Лидија Петкоска. Недобитни за малку места имаат Мирче Аџиоски и Грација Бакраческа.
Од ДУИ влегуваат досегашниот собраниски спикер Талат Џафери, сопственикот на „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, како и Арбана Пашоли. Недобитни се Јетон Шаќири и Муса Ибраим.
Од Алијанса влегува сегашниот пратеник Сурија Рашиди.
Во Шестката, од коалицијата Можеме влегува првиот човек на Беса кој беше носител, Биљал Касами, како и Фаница Николоска, Бејџам Иљаз, како и Фадиљ Зендели. Недобитно е за Драгољуб Филиповски и Хатие Етеми, иако не без целосни шанси.
Пратеничка ќе продолжи да биде и носителката на ВМРО – ДПМНЕ Дафина Стојановска, а влегува и Александар Вељановски.
Од ДУИ, лидерот на партијата Али Ахмети, кој и досега беше пратеник, пак влегува во Собранието. Со него пратенички места обезбедија и Фљорин Бесими, Арта Зендели Билали, Насер Нуредини, досегашен министер за екологија, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми, како и Бајрам Кадриа. Со мала надеж, но сега недобитен, е Бедри Фазли.
Од Алијанса влегува лидерот Зијадин Села, Атнан Незири, Илире Даути, Хусни Исмаили, Халил Снопче, како и Артина Ќазими.
И конечно, Мендух Тачи, лидерот на ДПА, си обезбеди за себе едно пратеничко место и позиција за преговори за влез и во новата Влада.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×