Македонија и ФАО работат за да ги олеснат инвестициите преку Зелениот климатски фонд
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Околу 50 претставници на владините институции, министерствата, граѓанскиот и приватниот сектор, академијата и меѓународните организации денеска во Маврово дискутираат на техничко ниво за стратешкиот ангажман на земјата со Зелениот климатски фонд (ЗКФ).
мак и фаоОва е втора по ред национална консултативна средба организирана во рамки на првиот проект на Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд – „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд”, спроведуван од ФАО под раководство на кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, како национален назначен орган за ЗКФ.
Зелениот климатски фонд, појаснуваат во денешното соопштение од ФАО, претставува нов партнер за финансирање за инвестиции за прилагодување кон и ублажување на климатските промени во Северна Македонија.
„Со цел успешен ангажман со Фондот, потребна е силна институционална рамка, ефективна вклученост и координација на засегнатите страни на национално ниво“, стои во соопштението.
Во овој контекст, експертите на ФАО го поддржале Националниот назначен орган за ЗКФ да спроведе сеопфатна анализа на постоечките институционални релации, вклучувајќи ја и структурата на сите национални тела, комисии и совети релевантни за прашања поврзани со одржливиот развој, финансирањето и климатските промени.
Врз основа на анализата, развиен е нацрт-предлог за идниот национален координативен механизам за донесување одлуки за прашањата поврзани со ЗКФ.
Во поздравниот говор советничката за меѓународна економија и развој на премиерот, Олимпија Христова Заевска денеска истакнала дека ангажманот со Зелениот климатски фонд преку подготвителната поддршка и помага на земјата да ги соедини своите напори за национално и глобално влијание, како и поттикнување одржлив и „зелен” економски развој. Понатаму, им помага на различните чинители кои работат во областа на климатски промени да ја препознаат заемната поврзаност по ова прашање и важноста од заедничко и транспарентно работење.
Спроведената детална анализа на клучните стратешки документи развиени во Северна Македонија во врска со климатските промени, се подвлекува во соопштението, укажа дека енергетиката, транспортот, водите, земјоделството, отпадот, биолошката разновидност, здравството, шумарството и културното наследство се приоритетни сектори за климатска акција во земјата.
Се очекува учесниците на денешната дебата да научат како да идентификуваат проектни идеи во овие приоритетни сектори кои имаат мерливо влијание врз климатските промени и се подобни за финансирање преку ЗКФ, а се усогласени со приоритетите за адаптација и ублажување на климатските промени и останати тековни активности на национално ниво.
Според Кармен Аргељо, ФАО координатор на проектот за подготвеност, ова е многу важен чекор во градење на партнерство меѓу националните чинители во Северна Македонија и Зелениот климатски фонд, за да создадеме поволно опкружување за зголемена сопственост на земјата и пристап до климатски финансии.
Како резултат на Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка, се вели во соопштението, Владата ќе може да креира Национална програма за Зелениот климатски фонд, усогласена со националните приоритети, која повикува на смела климатска акција која ќе стимулира конкретни решенија за намалување на емисиите и зголемување на климатската отпорност во приоритетните сектори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×