Македонија и Србија ќе одржат заедничка владина седница во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија, денес ќе одржат заедничка владина седница во Скопје.

По тој повод, во земјава веќе пристигна делегацијата на српската влада, предводена од српскиот премиер Александар Вучиќ.

Според агендата, спрскиот премиер Вучиќ ќе има тет а-тет средба со македонскиот премиер,  Никола Груевски. Исто така, се очекува поединечни средби да имаат и ресорните министри од двете влади, по што следи  одржување на заедничка владина седница.

Освен од премиерот Груевски, српската делегација ќе биде примена и од претседателот на земјата, Ѓорѓи Иванов.

Инаку, ова е втора заедничка седница на владите на Македонија и на Србија. Првата се одржа во 2013 година во Белград, а целта на истите е продлабочување на соработката меѓу двете земји. Освен со Србија, вакви владини седници се одржани и со Бугарија, Албанија и Косово.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×