Македонија има своја суверена и признаена Голема ложа! Начинот на кој макотрпно стигнавме до ваквиот статус ни донесе силен авторитет и достоинство во светското семејство на регуларни Масони!
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016
NASLOVNA-3

Јовица Угриновски, Голем Мајстор на Големата ложа на Македонија (ГЛМ)

Сложените “игри” на нашата комплексна историја, за жал, никогаш не создале услови за формирање и “осветлување” на автохтона, суверена масонска организација во Македонија. Токму затоа, во периодот на последната декада од 20 век, ние и не можеме да зборуваме за некакво “обновување” или “реактивирање”, туку единствено беше можно почнување од самиот почеток за изградба на величествена “градба”. Консекрирање на првата суверена Голема Ложа на Македонија.
И само по себе ова е историски чин, воопшто за Македонија како држава. Трпеливата работа, безрезервната посветеност и фасцинантната доза на ентузијазам од “23 Основачи”, беше препознаена и масонски наградена со уникатната одлука на HRH The MWGM The Duke of Kent,Обединетата Голема Ложа на Англија, директно да ја консекрира и да даде “светлина” на историски првата суверена Голема Ложа на Македонија,во септември 2005 година.

NASLOVNA-1Мојата животна филозофија, мојот духовен пат и ставовите за светот, и ние во него, како и конечното оформување на мојот животен стил и филозофија, се случи после завршувањето на мојот, како што често велам, шести “факултет” (за останатите “пет факултети” ќе ви кажам малку подолу) … по моите повеќе посети на Непал, Катманду, неколкуте “прошетки” по Хималаите и конечно, она што секогаш со возбуда во зборот го раскажувам, и споделувам, а тоа е, истоварувањето на Антарктикот”, раскажува мојот соговорник.

Посебно претставување, мои пријатели и читатели на Капитал, за оваа личност е излишна. Како што вели нашиот народ личност со “километража”. Личност важна за македонскиот јавен живот и личност со широк професионален распон во светската медицина. Сестран лик, чија пасија се освојувањата дестинации и врвови! Сепак, инсистирав со него да разговарам на една посебна тема … надвор од дневните профани задолженија и обврски … надвор од профаните успеси и награди … падови и кревања … !?

 Живеј го денешниот ден, вчерашниот е неповратен, утрешниот е неизвесен … Качувај се кон врвот, но гледај никогаш да не го достигнеш! После Врвот има  само една насока – надолу! Сублиматот е … уживај во тоа што во моментот го имаш и не пати по тоа што го немаш. Оти не е силен оној кој многу има, туку оној кој може без многу”, раскажува Јовица Угриновски, Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија (ГЛМ).

Возбудено влегувам во Храмот! Магичен простор полн со мистерии и тајни. Зидовите зборуваат нешто, но тешко се разбираат… Просторот зрачи спокој и светлина, но не знаеш, вака од прва, од каде извира … Се е некако тврдоглаво мистично и нејасно! Седнувам во троседот, дојден 30 минути порано од договореното. Тоа е мојот обичај. Од Зоки, младичот што “оперира” во клубот, нарачувам коњак и, секако, цигара Ромео и Јулиет … “черчилка”! Палам … ја консумирам цигарата. Чувство кое не се опишува, бидејќи ја имам насловната за новогодишниот број на Капитал! Знаете, одличните магазини, нескромно ќе речам дека Капитал се вбројува во нив, имаат таа способност од еден призор, од една фотографија да изнедрат цела суштина и приказна. А уште кога имате и емотивен соговорник, кој има што да раскаже, тогаш тоа е тоа …

Се преслушувам околу она за кое сум дојден, знаејќи дека мојот соговорник нема долго да се задржи зборувајќи за својата биографија, за своите етапи во животот, и како што го нарекува својот “шести факултет”!

Свесен сум дека е човек со силно изградени ставови и со страсти за животот! Сакам да разговарам за неговите пловидби и патувања на Истокот, каде се раѓа светлината, и освојувањето на југот на планетата Земја … Антартикот … Точката во која Големиот Архитект на Универзумот со својата дланка ја има потпрено планетата на која сме настанале и прилично успешно ја држи стабилно во својата вечна хармонија, убавина, светлина, поредок и хиерархија …

Си помислив дека е извонредно важно да се сподели овој момент од личноста на мојот соговорник, заради пораката која во себе содржи цела една филозофија на живеење и нетипичен начин на размислување на мојот соговорник! Различен.

Но, и заради метафизиката на постоењето како такво воопшто … Духот, моралот и разбирањето како вечни теми кои секој од нас, помалку или повеќе, во животната низа на запишаните години на идивидуално, физичко постоење, ги гради, доградува и надградува. Кога од гола скица се претвора во уметничко дело кое, и до крајот на животот, всушност останува во својата работна верзија, бидејќи тој процес и никогаш не завршува …

Уживам во просторот на Храмот и размислувам како да влезам во разговорот на зададената тема за денеска … Ќе го прашам за врвовите. Тој е и планинар … Ќе раскаже силно како се стигнува до врвот … Влегува мојот соговорник во просторот под јурисдикција на Големата масонска ложа на Македонија. Храм изграден пред извесно време со донации на браќата здружени во единствена мисија за подобрување на светот и околината во која сите живееме, но пред се преку подобрување, мазнење и брусење на каменот во себе кај секој Брат индивидуално. Мисија за изградба на совршен свет! А бидејќи совршенството е една далечна точка во вечноста, оваа мисија практично никогаш и не завршува. Да… Таков Храм има и во Македонија. Одличен почеток …

“После многу пат изоден и остварени патувања низ разните цивилизации, ако сублимирам во еден пасус би рекол дека животната филозофија која што ја собрав на моите долги патувања на тие дестинации, за кои ме прашуваш, може да се сведе на две-три реченици: Живеј го денешниот ден, вчерашниот е неповратен, утрешниот е неизвесен … Качувај се кон врвот, но гледај никогаш да не го достигнеш! После врвот има  само една насока – надолу! Сублиматот е … уживај во тоа што во моментот го имаш и не пати по тоа што го немаш. Оти не е силен оној кој многу има, туку оној кој може без многу”, раскажува Јовица Угриновски, Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија (ГЛМ).

DSC_4128Го прашувам како и зошто стана Масон?

Долга приказна. Еден ден, пред дваесетина години, еден мој пријател и колега ме повика да пиеме кафе. Без многу заобиколување ме праша што знам за масонеријата. Какво е моето лично мислење за неа.

Морам да кажам дека како и сите обични луѓе од профаниот свет, така и јас, за масонеријата имав многу оскудно знаење добиено од прочитани две-три книги со журналистичко – авантуристичка содржина. Не знаев ништо за суштината и содржината на масонеријата. Знаев дека е некакво “тајно – мистично” здружение на луѓе кои го “тресат и раководат светот”. Мојот пријател и колега се насмеа и ми одговори со прашање: Дали јас ти изгледам како некој што го “тресе” светот? Ова исто прашање и јас постојано им го поставувам на тие кои имаат исто мислење за масонеријата, како што и јас го имав пред да станам масон. Ова исто прашање го поставувам и сега на вашите читатели: Дали јас изгледам како некој што го “тресе и раководи светот”?

Но, да ја продолжиме приказната понатаму. Мојот пријател и колега во детали ми објасни што е суштината на Слободното ѕидарство, дека е тоа “братство на зрели мажи на добар глас! Луѓе со слободни мисли! Луѓе кои веруваат и тежнеат кон вистината! И луѓе кои ја негуваат братската љубов! Веднаш потоа, ме праша дали би сакал да се придружам на таква група луѓе. Секако, веднаш прифатив и така станав деветтиот или десеттиот “припадник” на таа група. Подоцна,бројот постепено се зголемуваше достигнувајќи ја за релативно брзо време бројката од 23 “слободни луѓе на добар глас”.

Тоа што мене лично ми направи голем впечаток во тој период беше сериозноста и искреноста со која ги предлагавме и избиравме идните членови. Во ниеден момент не се размислуваше, ниту разговараше за социјалниот или економски статус на идниот кандидат, ниту неговата политичка или религиозна ориентација. Единствена водилка беше добар човек на добар глас.

Уште од првите состаноци на групата слободни луѓе, од кои некого познавав од порано, а некои ми беа потполно непознати, сфатив дека моето место е тука. Никогаш порано, во таква шаренолика и хетерогена по возраст, по професија, по политичка ориентација, по социјален статус, група луѓе не сум почувствувал таков флуид, таква верба, и таква меѓусебна искреност. Постоеше некаква мистична кохезија која не држеше заедно и не охрабруваше да продолжиме понатаму кон реализација на нашата крајна цел.

Која беше крајната врховна цел?

Нашата крајна цел беше да формираме суверена Голема Ложа на Македонија.

ZA-OTVARANJEКако се случи Македонија да добие суверена Голема Ложа?

Целата приказна во детали ја има одлично објаснето Претходниот Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија, Братот Живко Груевски, во неговото интервју токму за вашиот магазин во 2012 година.

Сепак, некои случувања треба да се повторат.

После многу време, труд, напор и упорност,1998 година, Обединетата Голема Ложа на Англија (ОГЛА) прифати како проект, овие 23 Браќа да бидат иницирани во Слободното ѕидарство симултано во 12 регуларни англиски ложи. Во ист ден, во различни простории во Freemasons Hall во Лондон. Вакво нешто беше преседан во историјата на ОГЛА (Обединетата Голема Ложа на Англија).

Цели две години работевме под будното око на високи офицери од ОГЛА, за да конечно  добиеме дозвола да ја консекрираме првата Ложа во Скопје. И тоа се случи на 2 октомври 2000 година кога цел тим на високи офицери од ОГЛА ја извршија консекрацијата! На совршен начин.

За мене тоа беше најубав роденденски подарок.

Во наредниот период формиравме уште две ложи! Со тоа го стекнавме формалното право да формираме Голема Ложа. На 30 септември 2005 година, единаесет високи консекрациски офицери од ОГЛА, предводени од маркизот од Northampton, Pro Grand Master of the United Grand Lodge of England ”донесоа светло” и конечно беше консекрирана Големата Ложа на Македонија. Ова е голем историски момент не само за македонската масонерија, туку и за целата држава. За прв пат во историјата беше консекрирана суверена, национална Голема Ложа на Македонија која работи на македонски јазик и се базира на сопствената конституција. За нас беше многу важно што ложата беше формирана под уставното име на државата, Република Македонија.

Разговорот со Големиот мајстор на Големата Ложа на Македонија го продолжувам со констатација дека годинава македонската регуларно признаена Масонерија согледана во Големата Ложа на Македонија прославува десет години од своето консекрирање! Го прашувам мојот соговорник од какво значење е овој момент?

“Во последната декада од дваесеттиот век, евидентно беше дека Република Македонија е една од ретките суверени држави во Европа каде се уште нема легитимно организирана форма на регуларна Слободна Масонерија. Секако дека постојат многу претпоставки, но и документирани податоци за видни Масони од нашиве краишта, но неспорен факт е дека сите тие објективно припаѓале и работеле под јурисдикција на различни Големи ложи како бугарската, југословенската, италијанската, романската … Сложените “игри” на нашата комплексна историја, за жал, никогаш не створиле услови за формирање и “осветлување” на автохтона, суверена масонска организација во Македонија. Токму затоа, во периодот на последната декада од 20 век, ние и не можеме да зборуваме за некакво “обновување” или “реактивирање”, туку единствено можно почнување од самиот почеток за изградба на величествена “градба”, односно консекрирање на првата суверена Голема Ложа на Македонија. И само по себе ова е историски чин воопшто за Македонија како држава.

Пионерскиот потфат за остварување на оваа возвишена цел, иницијално започна кон крајот на 1995 година, а ние “23 основачи”,од 1998 година регуларно го исцртувавме нашето масонско искуство под директно менторство на “Ложата Мајка” или најавторитетната Голема Ложа од која се започнало со шпекулативната или мисловна Слободна Масонерија пред цели три века – Обединетата Голема Ложа на Англија. Трпеливата работа, безрезервна посветеност и фасцинантната доза на ентузијазам од овие “23 Основачи”, беше препознаена и масонски “наградена” со уникатната одлука на HRH The MWGM The Duke of Kent,Обединетата Голема Ложа на Англија, директно да ја консекрира и да даде “светлина” на историски првата суверена Голема Ложа на Македонија,во септември 2005 година.

Пред неколку години разговарав со Вашиот претходник Големиот Мајстор Др. Живко Груевски. Како и кога ја презедовте оваа највисока функција – Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија? Како изгледа тој чин?

Непрекинатиот синџир на позитивен континуитет е една од суштинските вредности на овој древен Ред на Слободни Масони. Согласно Конституцијата на Големата Ложа на Македонија, на секои три години се прави форматирана процедура на избор на Голем Мајстор и Офицери на Големата Ложа. Специфично и несфатливо за профаната јавност, а треба да се каже, е што, во нашата изборна процедура не постои натпревар на “позиција и опозиција”, туку сите Браќа од Ложите кои работат под јурисдикција на Големата Ложа на Македонија, гласаат за личност која ќе ја води и раководи македонската регуларна Масонерија во следниот период.

Така, кон крајот на 2014 година се одржа редовното собрание на Големата Ложа на Македонија,  каде што во традиционално величествена церемонија, бев инсталиран како Голем Мајстор.

Морам да споделам, и нема да претерам, а малку се знае дека, во тие два дена, Скопје и Република Македонија беа центар на светското семејство на регуларни и признаени Големи Ложи од сите континенти на планетава. Навистина величествено. Беспрекорниот меѓународен углед и авторитет на Големата Ложа на Македонија, беше потврден со присуството и учеството во нашата работа на највисоки делегации од (30) триесет Суверени Големи Ложи од сите континенти. Голем Самит на светската Масонерија се одржа во Скопје.

За да избегнеме некои погрешни толкувања, објаснете дали Обединетата Голема Ложа на Англија има некоја врховна или централна хиерархиска улога во светот на Слободната Масонерија?

Во глобалната фамилија на регуларни и признаени Големи Ложи, не постои централна власт или некаква врховна власт. Со чинот на регуларно „консекрирање“ на нова Голема Ложа, таа го добива целосниот суверенитет и авторитет да координира и раководи со работата на сите поединечни Ложи кои работат на територијата на нејзината масонска јурисдикција. Во меѓународните масонски релации, целосно е применет принципот на “билатерално признавање” или легално предвидена процедура на “масонска дипломатија” за меѓусебна размена на официјални документи со кои се потврдува регуларноста и признавањето помеѓу Големите Ложи.

Често ги употребувате термините “регуларност” и “признавање”. Објаснете го нивното значење во Слободната Масонерија.

Овие два термина се воспоставени во првите Конституции како суштински уште од објавувањето на шпекулативната или мисловна Слободна Масонерија во почетокот на XVIII век.Значи цели три века овие критериуми кои прецизно ја дефинираат регуларноста на Големите Ложи не се променети.

Еден од тие древни критериуми е дека “нова Голема Ложа може да биде консекрирана само од регуларна и признаена Голема Ложа”.

Така, Големата Ложа на Македонија, веднаш по чинот на нејзиното консекрирање, својата регуларност, која е неспорна бидејќи е консекрирана директно од Обединетата Голема Ложа на Англија, ја потврди со акти на билатерално “признавање” со повеќе од 130 релевантни и авторитетни Големи Ложи во светот.

За практично да го објаснам ова, ќе ви пренесам едно непријатно искуство, што за жал, неодамна се случи со една квази – масонска организација од Македонија.

Имено, група од неколку личности кои “глумат” Масонерија и себеси се нарекуваат “Регуларна Голема Ложа на Македонија”, со сличноста на името го довеле во заблуда организаторот на Светската Конференција на Големи Ложи која годинава се одржуваше во Сан Франциско и “on-line” се регистрирале за учество на овој светски масонски форум. Но, при нивното физичко појавување пред организаторот и другите Големи Ложи, овој несреќен обид за лажно прикажување “регуларност” е целосно разоткриен и лично Извршниот Секретар и Почесниот Извршен Секретар на Светската Конференција се погрижиле овие нелегитимни, нерегуларни и непризнаени натрапници од Македонија веднаш да ја напуштат Конференцијата. За целиот настан во детали, официјално беше информирана Големата Ложа на Македонија. Навистина срамно и тажно за овие наши сограѓани кои очајнички се обидуваат да глумат регуларна Масонерија наместо регуларно, и со масонски вредности, и на масонски начин да станат вистински, регуларни и признаени масони. Сакам цврсто да укажам дека за тоа постои само еден начин.

Заклучуваме во разговорот дека не е доволно себе си да се наречеш Голема или Регуларна Ложа за да бидеш прифатен … Тој додава:

Видете, во вистинската масонерија владеат строги правила и строго почитување на Конституцијата. Секое нарушување на овие правила носи санкции, од одземање на регуларноста до одземање на признавањето. Историјата познава такви примери и со многу постари и поголеми Ложи на кои им било одземено признавањето.

Јас веќе нагласив колку е долг и тежок патот до консекрирање на Голема Ложа. Меѓутоа, секогаш ќе има поединци и групи кои сакаат “инстант” резултати. За среќа, во светската масонерија тоа не е можно и секогаш е санкционирано. Не е лесно да се биде дел од Светската масонерија и да се опстои во неа.

Што претставува Голем Мајстор на Големата Ложа? Која е неговата улога? Која е Вашата улога?

Правата и обврските на Големиот Мајстор се строго зацртани во Конституцијата. Моја основна обврска е токму тоа – да се грижам сите Ложи и сите браќа стриктно да се придржуваат до основните начела на масонеријата зацртани во Конституцијата. Треба да се сфати само едно: Големиот Мајстор е само прв меѓу еднаквите. Но, бидејќи масонеријата е хиерархиска организација, тоа значи дека ми е дадено правото да ја водам Големата Ложа, да учествувам во работата на другите Ложи кои инаку се суверени, да ја контролирам и насочувам нивната работа, заедно со другите Тела на Големата Ложа да учествувам во подготвување на стратегија и уште многу други обврски.

Една од обврските, што во исто време е и голема чест и задоволство, е да ја претставувам Големата Ложа на Македонија пред другите Големи Ложи и на меѓународни масонски состаноци и конференции.

Исто така, сакам да истакнам  дека Изборот за Голем Мајстор на Голема Ложа е највисоката чест што браќата можат да му ја дадат на еден нивни член. Поради тоа, ова за мене е посебна чест и задоволство, особено што сум Голем Мајстор на една Голема Ложа која ужива голем меѓународен респект и Ложа која што за толку кратко време направила толку многу убави нешта.

Разговараме во просториите на Вашиот Масонски клуб кој е навистина прекрасен. Храмот каде што ги извршувате вашите церемонии и ритуали е магичен, а Масонскиот музеј во неговите рамки е збир на безброј артефакти за кусиот период од основањето на суверената Голема ложа на Македонија за кого што раскажувавте. Импресивно …

Да! Горди сме на тоа што го направивме за толку кратко време. Браќата од другите Ложи од светот што го посетиле нашиот Храм, а тоа е голем број, се “љубоморни” на нас и никако не можат да сфатат како една толку млада и мала Голема Ложа успеала да го направи тоа, што многу постари и поголеми Ложи го немаат. Тоа е само дополнителен доказ за степенот на ентузијазмот и вербата што нашите браќа ја имаат. За љубовта со која приоѓаме кон воздигнување на македонската регуларна масонерија! Ние ја пишуваме историјата на македонската Масонерија! Живееме и работиме на оваа тема во исклучително важно време.

Какви луѓе се македонските масони?

Обични луѓе што секојдневно ги среќавате на улица, луѓе со кои што можеби секој ден пиете кафе, седите во канцеларија, ги гледате на телевизија, луѓе кај кои што го носите своето дете кога е болно, луѓе кои што го сервисираат вашиот автомобил, луѓе кои што ви одобруваат кредит, луѓе на кои што им аплаудирате во театар или на концерт, луѓе со кои го славите Бајрам или Бадник.

Тоа се обични луѓе од различни професии, од различни етнички групи, религии, со различен социјален и економски статус. Тие обични луѓе, сепак, по нешто се посебни. Тоа се слободни луѓе на добар глас. Тоа се луѓе кои што веруваат, веруваат во братската љубов, веруваат во себе, им веруваат на другите.
Тоа се луѓе кои што ги прифаќаат различностите на другите. Тоа се луѓе кои не се обидуваат да ги променат другите, туку се менуваат себеси, го обработуваат и мазнат сопствениот камен.

И само да додадам, ова не се карактеристики само на македонските масони. Ова се карактеристики на било кој масон на било која точка на земјината топка. Знам дека ова звучи неверојатно или идеалистички, ама така е!

Знам дека тие што не веруваат во ова и понатаму нема да веруваат, па затоа и не ги убедувам. Знам дека приврзаниците на теориите на заговор и понатаму ќе се држат до нив, затоа и не им аргументирам. Но, знам и тоа дека постојат многу луѓе кои што одговараат на описот што го дадов, а не се масони.

DSC_4131Како се станува масон?

Видете, масонеријата не може од лошиот човек да направи добар! Но, може од добриот да направи подобар. Токму заради тоа, основниот принцип и услов за прием во Братството е да си слободен човек, маж на зрела возраст, на добар глас и со вредна и добра препорака.

Ова се елементите кои се бараат од секој кандидат за прием во Братството.

Ајде да видиме што секој од овие услови означува зборувајќи со масонски речник.

Првиот услов е слободен човек … Значи кандидатот да е способен да прави избор помеѓу повеќе алтернативи незаведен од други, без притисок од други, да е ослободен од догми или предрасуди, политички или други притисоци. Во исто време, неговото право на избор не смее да го попречува туѓото право на избор.

Вториот услов, маж на зрела возраст, зборувајќи масонски, означува дека кандидатот мора да има наполнето 21 година старост, да е зрела личност, со цврсти и кохерентни ставови при што атрибутот “маж” не се однесува само на неговите полови карактеристики туку и на карактеристиките кои се припишуваат на тој атрибут: цврст, стамен, истраен, упорен, храбар …

Третиот услов означува дека кандидатот треба да е на “добар глас” во општеството, на работното место, во еснафот на кој му припаѓа, во соседството…

И последниот услов е да има вредна и добра препорака од некој од веќе примените Браќа. Еден од Браќата мора да се појави како гарант за предложениот кандидат, а друг Брат треба да ја потврди препораката.

Ова се “техничките чекори” за прием во Братството.

Но, тие не значат ништо ако вие во душа не сте масон, ако вие не сакате, иако сте добар човек на добар глас, да се надградувате, да работите на себе, да го мазните сопствениот камен.

“Во последната декада од дваесеттиот век, евидентно беше дека Република Македонија е една од ретките суверени држави во Европа каде се уште нема легитимно организирана форма на регуларна Слободна Масонерија. Секако дека постојат многу претпоставки, но и документирани податоци за видни Масони од нашиве краишта, но неспорен факт е дека сите тие објективно припаѓале и работеле под јурисдикција на различни Големи ложи како бугарската, југословенската, италијанската, романската … Сложените “игри” на нашата комплексна историја, за жал, никогаш не створиле услови за формирање и “осветлување” на автохтона, суверена масонска организација во Македонија. Токму затоа, во периодот на последната декада од 20 век, ние и не можеме да зборуваме за некакво “обновување” или “реактивирање”, туку единствено можно почнување од самиот почеток за изградба на величествена “градба”, односно консекрирање на првата суверена Голема Ложа на Македонија. И само по себе, ова е историски чин воопшто за Македонија како држава. Трпеливата работа, безрезервна посветеност и фасцинантната доза на ентузијазам од овие “23 Основачи”, беше препознаена и масонски “наградена” со уникатната одлука на HRH The MWGM The Duke of Kent,Обединетата Голема Ложа на Англија, директно да ја консекрира и да даде “светлина” на историски првата суверена Голема Ложа на Македонија,во септември 2005 година.

Дали масонеријата е своевидна религија?

Апсолутно, не! Слободното Ѕидарство ниту е религија, ниту е сурогат на било каква религија. Масоните веруваат во едно Вишо суштество – Големиот Архитект на Универзумот, при што не предлагаат, ниту проповедаат сопствена верска доктрина. Во текот на работата на Ложата, забрането е да се дискутира за религија. Меѓутоа, Слободното Ѕидарство ја почитува религијата и е отворено за лица од сите вероисповеди,  при што не се обидува да ги обедини различните религии, туку ги обединува масоните – припадници на различни религии. Моралните вредности кои ги проповеда Слободното Ѕидарство, се прифатени од сите религии.

Каков е односот на државата кон Масонеријата? Дали државите спроведуваат одредени репресии кон Масоните?

Најнапред, мора да се истакне дека Масонеријата одиграла и игра голема улога во формирањето на современите и модерни демократски друштва и држави. Со самото тоа, една демократска држава која ги почитува демократските вредности, право на слобода на избор, човековите права, верската толеранција, правото на слободна политичка ориентација…
Нема причина да се “плаши” од Слободното Ѕидарство, бидејќи истите вредности ги застапува и масонеријата. Од втората половина на 20 век до денес, не ми е познато некоја демократска држава да  имала негативен и репресивен однос кон Слободното Ѕидарство. Тоа важи  и за нашата држава.

Треба да се спомне и тоа дека во свечената заклетва која ја дава кандидатот при прием во Братството, од него се бара стриктно придржување кон законите и Уставот на државата, почитување на институциите и суверенитетот на државата и непреземање на било какви нелегитимни обиди за рушење на власта.

Во текот на работата на Ложите, апсолутно е забрането да се дискутира за политика и, веќе напомнав, за религија.

Живееме во 21 век. Сведоци сме на многу конфликти, војни, еколошки и климатски катастрофи.. Што Масонеријата може да направи?

Масонеријата ниту се меша, ниту има директно влијание, спротивно на  верувањето на творците на теориите за заговор, во било кое политичко, економско или социјално случување во светот. Масонеријата не носи генерални заклучоци,  ниту пак постои некоја “Светска” или “Врховна” масонерија која тоа го прави.

Треба да се каже дека Масонеријата ги проповеда општите вредности за човекова слобода, љубов, верба, толеранција, почитување … Се’ она за кое што веќе зборував.

Mасонеријата не може од лошиот човек да направи добар! Но, може од добриот да направи подобар. Токму заради тоа, основниот принцип и услов за прием во Братството е да си слободен човек, маж на зрела возраст, на добар глас и со вредна и добра препорака. Ова се елементите кои се бараат од секој кандидат за прием во Братството. Ајде да видиме што секој од овие услови означува зборувајќи со масонски речник.

Првиот услов е слободен човек … Значи кандидатот да е способен да прави избор помеѓу повеќе алтернативи незаведен од други, без притисок од други, да е ослободен од догми или предрасуди, политички или други притисоци. Во исто време, неговото право на избор не смее да го попречува туѓото право на избор.

Вториот услов, маж на зрела возраст, зборувајќи масонски, означува дека кандидатот мора да има наполнето 21 година старост, да е зрела личност, со цврсти и кохерентни ставови, при што атрибутот “маж” не се однесува само на неговите полови карактеристики, туку и на карактеристиките кои се припишуваат на тој атрибут: цврст, стамен, истраен, упорен, храбар

Третиот услов означува дека кандидатот треба да е на “добар глас” во општеството, на работното место, во еснафот на кој му припаѓа, во соседството…

И последниот услов е да има вредна и добра препорака од некој од веќе примените Браќа. Еден од Браќата мора да се појави како гарант за предложениот кандидат, а друг Брат треба да ја потврди препораката.

Ова се “техничките чекори” за прием во Братството.

Но, тие не значат ништо ако вие во душа не сте масон, ако вие не сакате, иако сте добар човек на добар глас, да се надградувате, да работите на себе, да го мазните сопствениот камен.

Масон – поединец кој е политичар, економист, банкар, бизнисмен, работник, лекар, научник … кој и да е, и на било каква позиција да е, следејќи ги принципите и вредностите на кои што бил подучуван во Ложата, индиректно и индивидуално може да има и има влијание врз сите овие случувања.

Историјата познава многу вакви случаи. За илустрација, ќе спомнам само некои масони кои имале битно влијание во историските случувања: Кемал Ататурк – таткото на модерната Турска држава, американските претседатели Вашингтон, Џеферсон, Франклин имногу други.

Создавајќи подобри луѓе кои што ги почитуваат и следат масонските принципи за слобода, верба,братска љубов, толеранција…Mасонеријата индиректно го менува светот.

Ако го прашате Јовица Угриновски повеќе за себе, ќе ви одговори едноставно: јас сум скопско дете “офарбано” со сите фарби од тоа време. Ако понатаму го прашате да ви објасни кои се тие “фарби од тоа време”, ќе ви одговори со воодушевување дека како и сите деца и момчиња од тоа време има завршено пет “факултети“ или пет етапи во неговата едукација кои дефинитивно го формирале неговиот карактер и личност.
Првиот и најважниот “факултет” било семејството.
“Мајка ми беше целосно посветена на фамилијата и особено, децата. Под нејзина строга контрола растевме и се развивавме, од нејзе ги добивме првите лекции на добро однесување, почит кон постарите, кон семејството, кон другарите. Од нејзе научив дека има принцип на “казна и награда”. Казна беше врбовото стапче кое постојано стоеше зад вратата од кујната, а награда најчесто беше нови пантолони од “превртен штоф” од старите пантолони од татко ми.
Од нејзе научив да ја ценам искреноста и чесноста.
За разлика од неа, татко ми не беше толку строг, но неговиот збор го почитував без поговор. Никогаш не ме удрил ниту казнил, но неговиот поглед кажуваше се. Од него научив дека “ако сакам се можам”, дека патот до успехот е постојаноста и упорноста и дека најтешката работа е да работиш на изградбата на самиот себе. Од него ја наследив и мануелната спретност.
Вториот “факултет” беше маалото и улицата. Таму ги добив првите лекции “how to survive”, како да опстанеш во хетерогена група, како да бидеш прифатен и пожелен во групата, како да се избориш за своето место во маалото. Лекциите беа сурови и немилосрдни, меѓутоа многу успешни. Основното правило кое го научив на улица беше дека треба да се почитува хиерархијата.
Третиот “факултет” беше училиштето. Таму постојано се повторуваше веќе научената лекција на “казна и награда” така да веќе точно знаев кога сум заслужил казна (за жал, многу често) и сам ја пружав  раката за да добијам десет или петнаесет “лењири“ по неа. И казните и наградите беа апсолутно објективни, според заслуженото. Никогаш не зависеа од социјалниот или економскиот статус на родителите или пријателските или роднински врски.
Се сеќавам многу добро, учителот по цртање кој беше партизански другар со татко ми, секој втори час ме казнуваше со по неколку удари по дланката. Еден ден го прашав дали тоа што со татко ми бил во партизани заедно не му значи ништо? Ми одговори: “баш затоа, сакам од тебе да направам добар ученик. Тоа му го должам на татко ти”. Од училиштето, основното и средното, добив знаење и светлина кон нови хоризонти.
 Четвртиот, вистински факултет, беше Медицинскиот факултет. Имавме плејада реномирани, авторитетни и автономни професори чија единствена цел беше да не воведат во тајните и мистериите на медицината.
Од нив научив дека медицината не е само професија, туку наука и занает и, ако и дозволиш, треба да постане и дел од твојата животна филозофија. Основата на учењето беше хуманистичкиот пристап кон пациентите. Тие беа личности со име и презиме, а не бирократски или административни безлични бројки.
 И петтиот “факултет” беше отслужување на воениот рок. Цели тринаесет месеци, веќе како дипломиран лекар, бев изложуван на учење, повторување, вежбање и повторно учење, повторување и вежбање се до перфекција. Се сеќавам, за неполни две минути требаше да расклопиме и склопиме “калашњиков“
Таму ја добив најважната диплома во животот: станав маж на зрела возраст.
Ова се точно хронолошки изложени, етапите во мојата едукација кои имаа големо влијание во изградбата на мојата личност и создавање на мојот сопствен и личен систем на вредности.
Кратки биографски податоци
  • Запрашан да ја каже својата биографија, одмавнува со глава и вели дека тоа е доста експлоатирано во медиумите и не сака да го повторува.
    .
  • Сепак, моја обврска е на пошироката читателска публика на Капитал да ја објавам биографијата од профаниот живот на Големиот Мајстор на Големата Ложа на Македонија!
    ...
  • Јовица Угриновски е роден е во Скопје на 2 октомври, како што вели, илјада деветстотини и некоја година. Целото негово образование, од осмолетка до дипломирање и специјализација по неврохирургија ги завршува во Скопје. Подоцна, по дипломирањето, престојува на кратки стручни усовршувања во Париз, Хамбург, Берлин, Манчестер, Братислава…
    .
  • Како специјалист – неврохирург работи една година во југословенската болница во Дерна, Либија.
    .
  • Целата негова професионална активност ја извршува на Неврохируршката клиника во Скопје, а академската активност како професор  по хирургија е на Медицинскиот Факултет во Скопје.
    .
  • Цели пет години, се до распадот на Југославија ја води регионалната Служба за итна воздушна медицинска помош.
    .
  • Неговата улога во лекувањето на Претседателот Киро Глигоров е добро позната.
    .
  • Одликуван е со личен указ на тогашниот Премиер на Турција МесутЈилмаз за лекувањето на турскиот новинар, повреден во сообраќајна несреќа во Македонија.
    .
  • Има објавено повеќе од 130 стручни и научни трудови во домашни и меѓународни стручни списанија. Автор е на 6 стручни книги и една патописна книга, а како коавтор учествува во издавањето на три стручни книги.
    .
  • Во 2009 година е пензиониран на Клиниката за неврохирургија. Во пензија издржува цели 5 месеци, за да на почетокот на 2010 година повторно се активира како неврохирург во Клиничката болница Аџибадем – Систина во Скопје каде и ден денес активно ја извршува својата професионална дејност.
    .
  • Во три изборни мандати е Претседател на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а два пати е избран и е актуелен Претседател на Балканската Планинарска Унија.
    .
  • Негово хоби и втора љубов, после професијата, е планинарењето. Јовица Угриновски е првиот Македонец кој го поставил македонското знаме на Антарктикот.

3 thoughts on “Македонија има своја суверена и признаена Голема ложа! Начинот на кој макотрпно стигнавме до ваквиот статус ни донесе силен авторитет и достоинство во светското семејство на регуларни Масони!

  1. Dali zakonot za zabrana na pusenjeto na javni mest ne vazi za Golemiot Majstor na Golemata Loza ili prostoriite na golemata Loza ne se javen proctor ? Ako e tocno vtorovo , togas sakam I jas kafenata da si ja registriram kako takov prostor, posto u osnova vrsi ista funkcija – sobiranje na istomislenici I konzumiranje na alkohol I cigari.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×