Македонија ќе донесе регулатива за бизнис ангели
Објавено на од во Компании

Државата најавува дека конечно ќе го стави во институционални рамки овој алтернативен начин на финансирање на бизнис идеи којшто не заживеа досега во земјава и по неколку обиди.

business-angel-1

 

 

 

 

 

Афирмација и законска поддршка на моделот на финансирање преку т.н. бизнис ангели беше најавено на денешниот форум организиран од Владата и Стопанската комора на Македонија.

“Постои еден јаз во финансиската поддршка на компаниите, а тоа е поддршката на стартапите во нивната почетна фаза од развојот.  Банките не можат да ја пополнат оваа празнина, затоа што имаат одговорност пред своите штедачите и мораат многу внимателно да ги пласираат нивните пари, односно избегнуваат ризични инвестиции. Токму затоа постојат опции како бизнис ангелите, коишто можат да им помогнат на многу претприемачи во тоа нивните идеи да не згаснат уште на самиот почеток.“, истакна вицепремиерот во Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Kapital -  (1)m

Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања: “Многу бизнис идеи се пропаднати поради немање пристап до капитал во најраната фаза од развојот. Бизнис ангелите се одличен извор за надминување на тој јаз во финансирањето“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Министерот Зоран Шапуриќ, задолжен за подобрување на бизнис климата за компаниите, рече дека изминативе два месеци е интензивирана работата на владините тела, научната заедница и другите засегнати страни, околу донесувањето на регулатива што институционално ќе го регулира моделот на финансирање преку бизнис ангели.

“Бизнис ангели во светот обично се побогати поединци, односно актуелни претприемачи и сопственици на компании, но може да бидат и успешни менаџери, или пак било кој што по некаква основа располага со вишок на пари,  и сака да ги искористи за поддршка на бизнис идеја во којашто верува. Токму начинот на инвестирање од страна на бизнис ангелите, односно нивното влегување во стартапите преку удел и сл., нивните права и обврски, начинот на нивно излегување од сопственоста,  сето тоа мора да се стави во законска рамка, за да може да очекуваме развој на оваа форма на поддршка  на претприемништвото. Ние како Влада тоа го правиме во моментов, подготвуваме регулатива, користејќи ги искуствата на земјите што се најнапредни во оваа област, како САД, Израел и др.“, истакна Шапуриќ, којшто всушност е и одговорен во Владата за туркање на оваа иницијатива.

e345f843-3862-4a33-8d2b-bdb1529d23c2 m

Зоран Шапуриќ, министер задолжен за подобрување на бизнис клима: “Во моментов подготвуваме регулатива за концептот на бизнис ангели, користејќи ги искуствата на земјите што се најнапредни во оваа област, како САД, Израел и др.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На форумот во Скопје учествуваше и Бејбарс Алтунташ, турски претприемач и бизнис ангел, којшто е актуелен претседател на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (World Business Angels Investment Forum – WBAF) и којшто со своето големо искуство во донесување и имплементирање на законски рамки за ваков тип на финансирање во Турција и други земји, ќе ѝ помогне и на Македонија во таа насока.

“За финансирање на претприемачки идеи постојат повеќе извори: банки, фондови, итн., но само бизнис ангелите се способни да пружат нешто повеќе од пари, а тоа е знаење, искуство, посветеност, страст за успех. Тоа се обично поранешни или актуелни бизнисмени, основачи на стартапи коишто направиле голем успех, но имаат и бројни неуспешни потфати зад себе, па затоа и знаат кои се најголемите предности и опасности на патот кон претприемачкиот успех. За да можат да ги искористат своите пари и сето друго што го набројав во поддршката на други претприемачи, на бизнис ангелите им треба екосистем каде што може да го реализираат својот потенцијал. Се радувам што македонската влада реши да ги поддржи претприемачите преку повеќе програми за финансирање, но и што ќе им даде поддршка на поддржувачите на стартапите, а тоа се бизнис ангелите. “ рече Алтунташ.

Altuntas

Бејбарс Алтунташ, претседател на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели: “За финансирање на претприемачки идеи постојат повеќе извори: банки, фондови, итн., но само бизнис ангелите се способни да пружат нешто повеќе од пари, а тоа е знаење, искуство, посветеност, страст за успех.“

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×