Македонија ќе почне преговори со ЕУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
„Отвораме нова перспектива за нашите деца и идните поколенија. Не смееме да се препуштиме на рамнодушноста кон овој успех поради моменталната ситуација.“, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 
European Union and Macedonia.
Советот за општи работи постигна согласност дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, официјално објави техничкиот премиер, Оливер Спасовски
„Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста на нашите институции да ги спроведат реформите кои ги поставивме како цел уште во 2017 година. Дополнително, Владата по барања на Европскиот совет почна да ги спроведува реформите во четирите поглавја – судство и владеење на правото, реформа на разузнавачките служби, јавната администрација и борбата против криминалот и корупцијата. Постигнавме резултати и тоа беше верификувано од ЕУ. Од денеска тоа го верификуваа едногласно и државите – членки на Унијата. Денешниот резултат е за тешките политички одлуки, за решавање на споровите со Грција и Бугарија. Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство немаше да биде постигнат овој успех. Можеме да бидеме горди зашто чекањето заврши. Успешните реформи ја кренаа бариерата, патот е само напред“, рече премиерот Спасовски.
„Северна  Македонија по 15 години во чекалната како земја кандидат конечн0 го поминува прагот и ќе ја  почне следната заслужена фаза од европскиот пат. И досега, но и  отсега  уште повеќе од нас самите ќе зависи. Конечно и безусловн ги почнуваме преговорите за членство во ЕУ. Советот ќе утврди дека земјава постигнала опипливи  и одржливи резултати. Отвораме нова перспектива за нашите деца и идните поколенија. Не смееме да се препуштиме на рамнодушноста кон овој успех поради моменталната ситуација.  Се надевам дека ќе го надминеме предизвикот со пандемијата што побрзо“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×