Македонија лани извезла ајвар во вредност од 18,5 милиони евра, најмногу во Хрватска и Србија
Објавено на од во Економија

Izvoz-na-ajvar-godini(1)Извозот на ајвар од Македонија минатата година достигна 18,4 милиони евра, што е годишен раст од 4,3 % во споредба со претходната година.

Во споредба пак со периодот од пред пет години кога Македонија извезла ајвар во вредност од 12,4 милиони евра, извозот е зголемен за 48% или за шест милиони евра.
Иако извозот на ајвар постојано расте во изминатите години, благодарение на напорите на конзервните компании од преработувачката индустрија за наоѓање на нови пазари, вредноста на вкупниот извоз е се уште многу малаво апсолутен износ.

Најмногу ајвар лани е продаден во земјите од поранешна Југославија, како и во земјите со голема македонска дијаспора како Австралија и САД.

Најголеми извозни пазари за македонскиот ајвар лани биле Хрватска и Србија, каде лани е направен извоз вреден 3,1 милиони евра, односно 2,6 милиони евра.

Следува Босна и Херцеговина каде ланскиот извоз на ајвар достигнува 1,98 милиони евра, Германија каде биле извезени 1,4 милиони евра, САД и Австралија со извоз по 1,3 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×