Македонија меѓу земјите со најмалку органско производство во Европа
Објавено на од во Економија

Organski-pazarВкупните површини под органско производство во Македонија во 2017 година изнесувале 3.240 хектари или само 0,6% од вкупно обработливата површина. Тоа ја става државата на листата на земји со најмала површина за органско производство.

Податоците од Евростат покажуваат дека во земјите од Европската унија просечно 7% од вкупната обработлива површина е со органско производство.
Во 2017 година во ЕУ дури 12,6 милиони хектари биле под органско производство, што е раст од 25% за период од пет години.
Најголеми површини под органско производство во ЕУ имаат Австрија, каде дури 23,4% од вкупната површина се засадени со органско производство, Естонија со 19,6% од вкупната обработлива површина со органско производство и Шведска каде овој процент е 19,2%.
Во Исланд и Малта има најмали површини со органско производство кои изнесуваат само 0,4% од вкупната обработлива површина.

Според податоците од Министерството за земјоделие површините под органско производство во Македонија бележат раст во последниве години. Така површините под органско производство во 2017 година се поголеми за 37% во споредба со 2014 година кога само 2.360 хектари биле засадени со органско производство.
Најголемо учество во органското растително производство од 33% имаат житните култури, со 26% се застапени фуражните, 15% се овошки, еден до три отсто отпаѓаат на лозје и градинарство, додека на маслодајни култури два процента.
Во сточарското производство водечка гранка е овчарството со 84% или близу 47.000 овци кои се одгледуваат за органско производство и уште 32.577 кои се во преод кон органско. Козарството и говедарството учествуваат со по четири отсто, а пчеларството со осум проценти.

За да се поттикне развојот на органското производство Владата изминатата година ги зголеми субвенциите за примарното производство од 61 на 81 милион денари
Поддршката во зависност од органската култура е различна, но во просек е за 100% повисока од субвенциите наменети за конвенционално производство.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×