Македонија по 15 години исклучена од Извештајот за конкурентност заради недоволно информации!
Објавено на од во Економија

KonkurentnostВо најновиот извештај за конкурентност, што секоја година го објавува Светскиот економски форум годинава ја нема Македонија на листата на 137 најконкурентни економии. Причината заради која Македонија е исклучена е недоволно информации. Заедно со Македонија заради недоволно информации да се направи истражувањето од листата годинава се исклучени Брегот на Слоновата коска, Габон,  Барбадос и Боливија.

Ова е прв пат Македонија да биде исклученаод овој Извештај за период од 15 години, откако во 2003 година земјата беше ставена во земјите во кои Светскиот економски форум ја мери конкурентноста на економијата.

Минатата година Македонија беше рангирана на 68 место, од вкупно рангирани 138 држави.

Инаку, во најновиот Извештај на конкурентност на прво место како најконкурентна економија во светот е Швајцарија. Швајцарија е лидер на листата изминатите шест години. Швајцарскиот пазар на труд се смета за најдобро функционален на глобално ниво, додека земјата е на второ место според усвојувањето на технологијата за поголема продуктивност.  По три години на третата позиција, САД годинава се искачија на второто место и го истисна Сингапур, кој сега падна на третата позиција.
Еве кои се топ 10 најконкурентни економии за 2017-2018 година.

1.Швајцарија
2.САД
3.Сингапур
4.Холандија
5.Германија
6.Хонгконг
7.Шведска
8.Обединето Кралство
9.Јапонија
10.Финска

Од земјите од регионот, најдобро е рангирана Бугарија на 49-то место, па следуваат Хрватска на 74-то, Албанија на 75-то, Србија на 78-мо и Грција на 87-мо место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×