Македонија поднесе писмо за намери за учество во проектот Белене
Објавено на од во Економија

ЕСМ е меѓу компаниите, кои пројавиле интерес за учество во проектот Белене, потврдија од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

беленеВладата доставила писмо за намери за учество во проектот Белене преку ЕСМ, а Анѓушев изминатиот период нагласуваше дека најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот начин да обезбеди базна енергија на подолг рок е преку нуклеарната централа Белене во Бугарија и вклучување во нејзината изградба.

Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска на брифинг со новинари истакна дека 13 компании пројавиле интерес за учество во проектот.

„Меѓу оние кои пројавија интерес е и ЕСМ на Северна Македонија за добивање на малцински дел и долгорочно купување на енергија“, нагласи Петкова.

Анѓушев по објавувањето на повикот во Служебниот весник на ЕУ, што се случи на почетокот на јуни кажа дека бугарската страна објавила повик, во кој практично бара партнери на тој проект.

„Ние како држава веројатно треба да го видиме нашиот интерес да учествуваме во таков објект, бидејќи со тек на време ние ќе ја губиме нашата базна енергија, немајќи јаглен“, изјави тогаш  Анѓушев.

Појаснувајќи дека базна енергија се произведува од јаглен, гас или гориво и оти други извори не постојат, вицепремиерот истакна дека, токму затоа пројавиле интерес за учество во Белене.

Во повикот за Белене се наведува дека се бара заинтересиран стратешки инветитор за откуп на акции и за набавка на струја од централата. Понудите се доставуваа три месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×