Македонија пред вонредна состојба!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
„Предлагаме воведување вонредна состојба на цела територија сега и веднаш. Мерките што досега се носеа дадоа резултати, но тие мерки мора да се заострат за да спречиме поголем пик на коронавирусот во кратко време. Уверени сме дека со воведување вонредна состојба тоа ќе се спречи.„, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.  
oliver-spasovski-pres-vlada-8923893892

 

Владата денеска одлучи да предложи воведување вонредна состојба на целатата територија на Северна Македонија, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Предлогот ќе му биде доставен на Собранието да прогласи вонредна состојба, кое иако е распуштено, вели Спасовски, може да се свика во вакви ситуации.
„Владата смета дека со прогласување на вонредна состојба веднаш, ќе се засили борбата со коронавирусот за заштита на здравјето на сите граѓани“, рече Спасовски и појасни дека по автоматизам нема да се заострат рестрикциите на движењата и слободите на граѓаните, туку првенствено значи дека ќе ѝ се овозможи на Владата поефикасна борба со вирусот и за поефикасно справување со последиците од него.
„Вонредната ситуација е сериозна ситуација пред која сме исправени. Ова е вонредна ситуација и е потребна вонредна состојба. Владата на РСМ нема ни најмалку дилема. Предлагаме воведување вонредна состојба на цела територија сега и веднаш. Мерките што досега се носеа дадоа резултати, но тие мерки мора да се заострат за да спречиме поголем пик на коронавирусот во кратко време.
Уверени сме дека со воведување вонредна состојба тоа ќе се спречи. Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки. Владата ќе предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Иакое распуштено, постои уставна одредба дека претседателот на РСМ може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена“, рече Спасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×