Македонија прогласи кризна состојба поради мигрантите. Војската е веќе распоредена на границите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонската влада прогласи кризна состојба поради напливот на мигранти кои сакаат да влезат во земјава, па поради тоа војска е распоредена на јужната, но и на северната граница на земјава, соопшти денес на прес- конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски.

Според него, прогласувањето на кризна состојба е начин да и се овозможи на војската да ги чува границите на земјава.

„Оваа мерка се воведува заради зголемување на безбедноста и спокојството на населението во пограничните региони, како и за посеопфатен и похуман третман кон мигрантите кои транзитираат низ земјава“, рече Котевски.

Тој соопшти и дека ќе биде формиран владин кризен штаб под раководство на Центарот за управување со криза, кој ќе треба да изготви акциски план и насока за понатамошно дејствување.

Претходно дел од медиумите пренесоа дека илијадници мигранти денес  ја блокирале меѓународната пруга Солун – Скопје, додека на самата македонско – грчка граница група од 30.000 бегалци се наредиле долж граничниот појас со цел да влезат во земјава.

Од МВР информираа дека за два месеци се издадени 40.087 потврди на мигранти.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×