Македонија се задолжи со 64 милиони евра во ЕБОР за изградба на патот Штип – Радовиш
Објавено на од во Економија

Македонија се задолжи со 64 милиони евра во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на патот Штип – Радовиш, во должина од 39 километри. Станува збор за кредит со суверена гаранција од државата и се реализира преку македонското jавно претпријатие за државни патишта, компанија одговорна за управување и одржување на националната и регионалната патна мрежа.

Како дел од инвестицијата, соопштуваат од ЕБОР, банката ќе го поддржи отварањето на пазарот на одржување на патишта кон приватниот сектор и ќе ги зајакне практиките на работење и менаџирањето на средства на јавното претпријатие.

„Со изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш, како и на другите проекти од патната инфраструктура кои ги реализираме во овој регион, ќе се овозможи од југо-источна Македонија, до главниот град да се пристига за само еден час. Имаме доста амбициозна агенда за југо-источниот дел од Македонија, која ќе придоне за негов економски развој. Им благодариме на ЕБОР за поддршката во реализацијата на овие проекти и партнерскиот однос кој многу ни значи,” истакна министерот за финансии Зоран Ставрески.

Директорот за транспорт во ЕБОР, Сју Барет рече дека оваа инвестиција ќе одигра витална улога во подобрувањето на важните конекции со Македонија и со ЕУ.

„Горди сме што ја поддржуваме реформата во македонскиот патен сектор. Ова е наш шести проект кој се темели на успехот на нашата претходна соработка со Владата и јавното претпријатие за државни патишта. Веруваме дека оваа инвестиција ќе одигра витална улога во подобрување на важните конекции со Македонија и со ЕУ,” изјави Барет, директор за транспорт во ЕБОР.

„Оваа трансакција е значајна за регионот на Западен Балкан, бидејќи ги подобрува конекциите на транспорт и трговија со Европската Унија, им помага на економиите да растат и ја подобрува меѓуграничната трговија. Веруваме дека постоечките бизниси како и инвеститорите ќе имаат корист од овој проект, бидејќи со него значајно се зголемува атрактивноста на регионите,” истакна Холгер Муент, директор за Западен Балкан на ЕБОР.

„Овој проект на банката претставува континуиран придонес за подобрување на транспортната инфраструктура и ја истакнува нејзината посветеност за разрешување на клучните предизвици од транзицијата со кои се соочува земјата“, нагласи Анка Јонеску, претставник на ЕБОР за Македонија.

„Нашата интензивна соработка со ЕБОР е показател на нашата посветеност за развој на инфраструктурата на националните патишта. Со градењето на силна патна транспортна инфраструктура, придонесуваме во нашиот иден економски раст”, рече Александар Стојанов, вршител на должноста генерален директор на ЈП за државни патишта.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×