Македонија со 50 милиони долари е 29-ти извозник на вино во светот
Објавено на од во Вино

Vinarija-Stobi-1 WEB 945Временските неприлики годинава ќе го забават растечкиот тренд на македонскиот извоз на вино

Пролетното измрзнување и летната суша ги оштетија во добар дел лозовите насади во земјава, што неминовно ќе се одрази врз произведените количини на вино од овогодишниот род на грозје. Со тоа ќе се намали и производството и извозот на вино од Македонија, после неколкугодишниот тренд на пораст, што резултираше со 50-тина милиони долари вреден извоз во 2016 година. Земјава со вредноста на својот извоз иако  е меѓу првите 30 земји во светот, далеку е од светските џинови како Франција, Италија или Шпанија, но интересен е податокот што може само да е предизвик за домашната индустрија за вино, дека и некои северни земји со далеку понеповолна клима за развој на лозарство, како Литванија, Латвија, Данска, итн., се двојно или тројно поголеми извознички на вино од Македонија. 

 

Tabeli Vino 945 WEB 02Македонското производство на грозје и вино за сезоната 2016/2017 ќе претрпи сериозни штети, заради временските непогоди што ги погодија лозарите, велат од винарската индустрија, што ќе влијае врз извозот на вино во 2018 година.

“Годинава лозарството е соочено со голем пад – околу 50% – на вкупното производство на грозје, а со тоа и на вино. Земјоделците нема да ги имаат очекуваните приходи, а винарниците заради намаленото производство на грозје се соочени со повисоки производни трошоци. Само за потсетување, во Повардарието изминатава година имавме големи штети како резултат на касното пролетно измрзнување, при што некои вински сорти како Вранецот настрадаа и до 80% на поедини терени, а потоа во текот на летото и сушата и екстремно високите температури придонесоа за дополнително намалување на приносите. Во овој контекст, за поздравување е идејата на ресорното министерство – МЗШВ за субвенционирање на лозарите со 2ден. за кг предадено винско грозје во винарниците, бидејќи со тоа колку толку ќе се допринесе за некој подобар исход од целата ситуација за земјоделците. “, вели Дане Јованов, директор на Puklavec Family Wines во Македонија, винарницата на словенечката групација во земјава.  Овие промени секако ќе го нарушат позитивниот тренд на производството и извозот на вино што се случува во Македонија последниве години, откако преку напорите на здружените винарници во асоцијацијата “Вина од Македонија“ и Стратегијата за извоз на вино 2015 – 2020, со помош на државната поддршка за заеднички настап на винарниците на странските пазари, се постигнаа извесни резултати. Извозот на вино од Македонија се движи во рамките од околу 50-тина милиони евра годишно, каде што с$ уште доминира наливното вино со околу 65-70% во однос на флашираното, но производителите велат дека напредокот иако можеби не со посакуваната динамика, сепак се случува. Македонија извезла во 2016 година за 7% повеќе вино во однос на претходната година мерено според количина, и за 6% повеќе мерено според вредност.

“Ако погледнеме наназад имавме сооднос 80%, па и повеќе во корист на наливното вино во извозната структура, што значи дека работите се помрднуваат. Реалноста, сепак, е дека со моменталните количини на вино што се извезува од Македонија (околу 70-80 милиони литри годишно, н.з.) ние сме само капка во морето. За да станеме значајни играчи, т.е. да зборуваме за позиционирање на македонско на флаширано вино на светските пазари останува да се правиме со клучниот предизвик кој е: Поставувањето на Македонија на светската винска мапа и брендирањето на нашата земја како винска дестинација во светски рамки.“, велат од винарницата Стоби, која штотуку направи значителен успех на кинескиот пазар со своите вина (види рамка, н.з.)

“На светските пазари сите  производители на вино се наша конкуренција. Особено што доаѓаме од непозната – небрендирана дестинација. Но, ние сме сигурни во квалитетот на нашите производи и настапуваме сизифовски – туркаме не еден, туку два камена угоре по ридот. Едниот да ја етаблираме Македонија како винска земја, а другиот да го етаблираме нашиот бренд. Предизвикот е голем, но и нашите планови.“, вели Јадранка Накова, маркетинг директор во Перминдекс, холдингот во чиј состав е и винарницата Стоби.

Да продолжи инвестирањето во технологии и кадар

Ако се анализираат  бројките на македонскиот извоз на вино, каде што флашираното вино коешто е со поголема додадена вредност учествува со околу 30-35% сметано количински, и околу 45-50% вредносно, заклучокот е дека сè уште има голем простор за подобрување, бидејќи, како што велат нашите соговорници на темава, и просечните цени за извезено литар флаширано вино се доста ниски и се во рамките од околу 1 евро/литар извезено флаширано вино, додека во наливниот дел исто така цената е ниска (15 – 20 % пониска од европскиот просек) и е во рамките од 0,46 евра / литар.

“Имиџот на македонските вина во светот од година во година се подобрува, македонски вина сè почесто добиваат врвни награди од светски признати критичари и сл. Во ова голем придонес има перманентното претставување на македонските винарници и вина на разните саемски манифестации во Европа и светот, како и индивидуалниот пробив на дел од македонските винарници на пребирливите светски пазари. Меѓутоа, долг е патот до успехот и во наредната декада мора уште посилно да се работи на пробивот на македонските вина.“, вели нашиот соговорник Дане Јованов, инаку одличен познавач на винскиот бизнис во земјава, претходно повеќегодишен директор на винарницата Стоби.

Според него клучните работи што остануваат пред македонските производители е решавањето на проблемот со водоснабдувањето, кој што од година во година станува сè поочигледен.

“Во Македонија, водата се користи многу нерационално, а тоа е ограничен ресурс кој мора да се користи паметно. Државата, покрај итната санација на веќе постоечката мрежа, која генерално е во многу лоша кондиција и има многу големи загуби при самиот транспорт на водата, мора под итно да инвестира во изградба нови микро акумулации за наводнување, бидејќи со климатските промени и зголемувањето на просечните дневни температури не очекуваат големи суши кои ќе имаат девастирачки ефект врз севкупното производство. Понатаму, во делот на винарниците и покрај силните инвестиции кои беа направени во изминатава декада, тој процес мора да продолжи и понатаму да се инвестира во нови технологии кои ќе обезбедат стабилен пораст на домашното производство и она најважното, да се инвестира повеќе во луѓето и во нивното образование за виното и винските пазарни трендови, да се инвестира во креирањето на добри маркетинг и продажни тимови кои ќе бидат носачи на растот на продажбата. Исто многу важен фактор е и оптимизацијата на производството и во овој дел мора да споменам и консолидацијата и рационализацијата на сите трошоци, бидејќи само со добар финансиски контролинг може да се обезбеди профитабилно производство, а со тоа да се зголеми и ефикасноста и ефективноста кај самите винарници.“, смета Јованов.


Стратегија за извоз која дава резултати

Македонската винарија  “Стоби“ се пробива на кинескиот пазар

Stobi - Kina WEB 945Во Кина, во градот Фужу е отворена петта специјализирана продавница за вина, исклучиво за вината на домашната винарија “Стоби”.

Во Кина, во градот Фужу е отворена петта специјализирана продавница за вина, исклучиво за вината на македонската винарија “Стоби”. Станува збор за голем влез и успех на винаријата на овој огромен азиски брзорастечки пазар. Заедно со партнерот на Стоби Винарија за кинескиот пазар, компанијата “STOBI Shenzhen International Wine. Co. Ltd”, винаријата СТОБИ ги продава своите вина во пет специјализирани продавници на брендот „Стоби“. Специјализираните продавници исклучиво за овој македонски бренд се отворени во неколку градови.
“Тоа значи дека сме присутни на огромен пазар имајќи во предвид дека секој од овие градови има по шест, седум, па сѐ до 25 милиони жители. Но, нашите планови за експанзија на азискиот континент не застануваат тука. Следни градови каде што е планирано да се отворат специјализирани продавници на Стоби се Шангај и Пекинг. Освојувањето на кинескиот пазар е нов предизвик за винарницата, кој следи по успешното етаблирање на европскиот ,на пазарот во САД и рускиот пазар”, вели Ана Јорданова, сопственичка на винаријата „Стоби“.

Таа додава дека отворањето на специјализираните продавници „Стоби“ во Кина наишло на голем интерес од медиумите во Кина, имајќи го предвид огромниот и развиен вински пазар во оваа азиска земја каде што особено се ценат црвените вина кои се и најбарани.
“Токму квалитетните црвени вина на Стоби ги задоволија вкусовите на кинеските потрошувачи, така што потрошувачката на овој вински бренд во Кина достигнува речиси еден милион шишиња вино во текот на тригодишната соработка.“, вели Јорданова.

За време на десетдневната посета на Кина, основачот на винаријата „Стоби“, Минчо Јорданов, потпиша нов петгодишен договор со неговите тамошни партнери за продолжување на соработката. Во моментов Стоби произведува 4,5 милиони литри вино годишно, од кое 350 000 литри одлежуваат во дабови буриња. Винарницата е  извозно ориентирана и над 70% од нашето производство се пласира во 20 земји.


Што може да научиме од Нов Зеланд

Земјата со  4,5 милиони жители стана 7-ми извозник на вино во светот

Nov Zeland lozja WEB 945Извозот на вино од Нов Зеланд во 2016 година изнесувал 1,2 милијарди долари, што е 3,5% од целиот извоз на вино во светот мерено според вредноста, каде што неприкосновено владее Франција со 9,1 милијарди долари или 28,2%.

Изминативе две децении Нов Зеланд, земја голема по површина, но мала според број на жители (околу 4,5 милиони) и со крајно неповолна географска положба, сепак успеа да се наметне на светскиот вински пазар како еден од водечките извозници. Според податоците што ги најдовме на www.statista.com, www.worldstopexports  и вебсајтот на Светската организација за вино – www.oiv.int, во 2016 година извозот на вино од Нов Зеланд достигнал околу 1,,1 – 1,2 милијарди долари, што ја прави земјата седми најголем извозник на вино во светот.

“Винската индустрија на Нов Зеланд е можеби најбрзо растечката во нивната економија, со просечна годишна стапка на раст изминатава деценија од 17%. Истовремено, големите инвестиции во винскиот туризам придонесуваат за овој силен раст, и во моментов во Нов Зеланд имате можност да доживеете винско хедонистичко искуство на една од 450-те локации низ земјата. Според некои процени, дури една четвртина од сите туристи што го посетуваат Нов Зеланд ги посетуваат овие локации  за вински туризам.“, вели нашиот соговорник Дане Јованов, кој што е голем познавач на светскиот вински пазар, а и самиот има професионални посети на  повеќе винарници во земјите водечки производители и извозници на вино.

Toj додава дека производството во Нов Зеланд се одвива на површина од 37.000 хектари од кои 29.000 хектари се под бели вински сорти и нивниот симбол Совињон Блан е застапен на површина од 22.000 хектари.

“Совињон Блан од Нов Зеланд (94% од производството оди за САД) во моментов е по вредност трето најувезувано вино во САД и она што ние може да го научиме од нив е тоа да за почеток имаме правилен избор на сортите и позициите за подигање на нови лозови насади, фокус на одредени  и специфични пазари, силен маркетинг и имање конзистентен пристап кон пазарите во текот на повеќе години, односно да не се губи фокусот.“, објаснува Јованов.


hosting-a-wine-tasting-party WEB 945Некои интересни факти за светскиот пазар на вино

  • Италија е најголем производител на вино во светот, со 50,9 милиони хектолитри, пред Франција (43,5) и Шпанија (39,3).
  • Шпанија извезува најмногу вино во светот мерено количински (23 милиони хектолитри), пред Италија (20,6) и Франција (14,1).
  • Франција има највреден извоз на вино (9,1 милијарди долари), пред Италија (6,2) и Шпанија (3).
  • Франција и Италија гледано вредносно, држат речиси половина од светскиот извоз на вино (15,3 милијарди долари).
  • САД се најголем увозник на вино во светот (5,8 милијарди долари) и шести најголем извозник (1,6 милијарди долари).
  • Сингапур, со површина од едвај 700 квадратни километри е 15-ти извозник на вино во светот, со 455 милиони долари.
  • Македонија има 3-4 пати поголем извоз на вино гледано вредносно од Србија, Хрватска и Словенија.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×