Македонија со награда на Светскиот Економски Форум во Давос
Објавено на од во Компании
Mакедонката Аријана Коскарова, основач на центарот “Creative Hub” во Скопје и Приштина којaшто лани се најде на листата на Forbes 30 under 30, на Светскиот економски форум во Давос доби признание за жена претприемач. 
 82744445_10218873836931505_7841513184639844352_o
Најголемиот политички и економски настан во светот “Светскиот Економски Форум” во Давос заврши во петокот.  На претпоследниот ден се одржа и технолошкиот парк во склопот на форумот, каде спикер на панелот за жени претприемачи беше и македонката Аријана Коскарова основач на центарот “Creative Hub” во Скопје и Приштина кој оваа година се најде на листата на Форбес под 30, и е воедно и организатор на “Балкански претприемачки самит”.
 Покрај ова, Коскарова е и автор на финтек апликација со успешен егзит во Хонг Конг како и член во бордот на две блокчејн компании од Монако и Лондон, а до крајот на годината токму во соработка со блокчејн компанијата Модекс го отвора и хабот Блокчејн Македонија.
 “Особено ми е драго што најпрво Македонија имаше спикер на Технолошкиот Парк во склоп на Светскиот Економски Форум. Покрај најуспешните луѓе во светот имате и млади претприемачи жени од Македонија што е доволен пример дека ние го менуваме светот. На Форумот зборувавме за женска економија, за интегрирање на жената во бизнис светот, за поддршката меѓусебна преку асоцијации, мрежи на контакти, за формирање на фондови каде жени инвестираат во жени, а истиот ден токму од Давос, најголемата банка Голдман Сакс најави дека нема да инвестира во компании доколку во бордовите нема ниту една жена.
84100982_10218872912148386_4899179940831821824_o

Аријана Коскарова со признанието “Women in Fintech“ на TechPаrk во Давос

 Како жени мораме меѓусебно да си помагаме, да учиме од примерите, да бидеме подобри и да помагаме и на други да развијат претприемачки кариери.
Јас се надевам дека мојот успех ќе биде доволен мотив за сите, во иднина Македонија да има уште повеќе спикери на најголемиот политички и економски форум во светот, заота што само така ќе можеме да направиме разлика и успех на нашата земја. ” , рече меѓу другото, Аријана Коскарова на Светскиот Економски Форум во Давос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×