Мaкедонија со скок од 25 места на ранг листата на Глобалниот иновациски индекс
Објавено на од во Економија

Северна Македонија во споредба со минатата година се искачи 25 места погоре на листата земји кои вложуваат во иновациска инфраструктура, покажува најновиот извештај на Глобалниот иновациски индекс (ГИИ) за годинава објавен на 24-ти овој месец.

гииКако што соопшти Фондот за иновации и технолошки развој, според овој извештај, кој рангира 129 држави во светот по 80 различни параметри, Република Северна Македонија е на 59-то место, што претставува значителен напредок во однос на претходните две години, што во голема мера се должи на вложувањата во микро, мали и средни претпријатија од страна на Владата, Фондот за иновации и технолошки развој, и активностите на останатите субјекти во овој сектор.

Се посочува дека државата остварила високи резултати и во делот на зголемен степен на инвестиции во иновации од страна на домашните институции, како и подобрена бизнис клима со што се наоѓа во група со првите 50 земји во светот. Подобрување е забележано и кај постигнатите резултати од вложувањето во иновации, а земјата е на 63-то место, што е повисока позиција во однос на 2018 година.

Споредено со другите економии во Европа, во групата  на земји со средно-високи примања, Северна Македонија годинава има натпросечни оцени во пет од седумте столбови на Глобалниот иновациски индекс, кои се однесуваат на институции, инфраструктура, софистицираност на пазарот, каде е на 28-мо место, знаење и технолошки резултати и креативни резултати.

Во однос на останатите европски економии опфатени во студијата, Северна Македонија има натпросечни резултати во еден од седумте столбови, т.е. софистицираност на пазарот, каде е остварен напредок во поглед на пристап кон финансиски средства и едноставен начин на заштита на малцинските инвеститори.

Во извештајот Северна Македонија е рангирана на 12-то место меѓу 34-те економии со средно-високо ниво на приходи, а земјата има остварено повисоко ниво на развој од очекуваното и кај БДП.

Државата остварила значаен успех според индикаторите за квалитет ISO9001 (24 место) и високо- и средно-високи технолошки производи (20-то место), а подобрена е позицијата и во категоријата знаење и технологии, според кои Северна Македонија е на 66-то место.

Во препораките се наведува дека земјата треба да го подобри вложувањата во човечки ресурси и истражувања, сфера во која државата годинава има зголемен обем на тековни и планирани активности. Подобрување на школскиот систем, поцврста соработка помеѓу бизнис секторот и академската заедница, посилна инфраструктура за истражувања и развој на компаниите се области во кои се очекува зголемен ангажман на Владата, а во кои ФИТР веќе развива посебни инструменти и програми за поддршка.

Петте најиновативни земји според анализата на ГИИ годинава се Швајцарија, Шведска, САД, Холандија и Велика Британија, а на дното се Бурунди и Јемен. Извештајот на Глобалниот иновациски индекс на иновации се објавува 12 години по ред од страна на Светската организација за интелектуална сопственост во партнерство со бизнис школата Инсед и Универзитетот Корнел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×