Македонија уште чека на ветените 10 милиони евра од ЕУ за помош со бегалците
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонија до денеска нема добиено ниту едно евро од ветените, во четири наврати, 10 милиони евра од ЕУ за справување од беглаците, инфомираа денес од Министерството за надворешни работи. Пари до сега добиле само невладините организации како УНХЦР, Црвениот крст и другите хуманитарни организации кои се задолжени да обезбедат хуман третман за бегалците.

Последната информација, велат од МНР, е дека парите конечно се стигнати во Делегацијата на ЕУ во Скопје, но кога ќе бидат префрлени во македонските институции се уште не се знае.

Според проценките на Министерството, Македонија досега потрошила десетици милиони евра за справување со беглаците. Точниот износ, рекоа оттаму, во момнетот не е пресметан.

На прашањето дали земјава има некаквазаработка од тоа што мигрантите поминуваат низ земјава, оттаму велат дека земјава е само во зијан.

„Евентуално, заработка можеби имаат приватни лица кои им обезбедуваат превоз на дел од мигрантите. Македонија како држава, до сега е само зијан“, велат од Министерството.

Инаку, овие 10 милиони евра се пари кои им се потребни на државните институции за плаќање на дополнителните полицијаци што се испратени на границите, за дополнително опремување на центрите, за скенирање на беглаците за тоа дали се основани азиланти или ја поминуваат границата од економски причини…

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×