Македонија утре и задутре ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит на Западен Балкан
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонија утре и задутре ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, во серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво.

Самитот е дел од Берлинскиот процес и претставува можност за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија, но ќе бидат презентирани и конкретни начини како да се добијат подобри дигитални услуги, како ИТ компаниите да се поврзат подобро и како младите да добијат квалитетни дигитални вештини.

Најавено е присуство на премиери, на владини претставници, на бизнисмени, на претставници на регионални организации и на академската заедница кои ќе разменат идеи и предлози за заедничко делување. Ќе се разговара за намалување на цените на роамингот, сајбер безбедноста, зголемување на дигиталните вештини на граѓаните и меѓусебно дигитално поврзување на земјите од регионот. Се очекува да произлезе и заедничка иницијатива за меѓусебно признавање на дигиталните сертификати.

Паралелно со дводневниот Самит ќе се одржи и Експо саем на ИТ фирми на кој компаниите од дигиталната сфера ќе ја презентираат својата работа, а ќе биде организиран и камп за стартап компании, како и конференција посветена на лажните вести.

Надвор од организацијата на Самитот најавено е дека ќе се одржи и вечера на која ќе присуствува високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, со премиерите од земјите од Западен Балкан кои ќе учествуваат на Самитот.

За организација на Самитот ќе бидат потрошени 245 илјади евра, а за време на неговото одржување ќе има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот Александар Палас и Спортскиот центар Борис Трајковски. Ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта. Посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×