Македонија во 2018-та ќе добие научно – технолошки парк
Објавено на од во Start-up

FOto za glavnaМеѓу последните во регионот –  но подобро подоцна, одошто никогаш

Владата  пред два месеци најави сериозна инвестиција во  нов научно -технолошки парк во Скопје, којшто треба да ги обединува на едно место стартапите, науката и инвеститорите, со цел побрз развој на иновативните идеи што доаѓаат од претприемачите  и нивна комерцијализација. Во регионот веќе функционираат неколку паркови од овој тип, проекти што се најчесто финансирани од државите со помош на европски фондови, и чиишто искуства и најдобри практики, и самата македонска влада вели дека ќе ги користи. Она што не треба да го користи, е обичајот ваквите проекти да се одолговлечат со години, па и децении, каков што е случајот со технолошкиот парк во Белград, на пример.

 

Почнаа да се  “крчкаат“ првите нацрт планови  за новиот научно – технолошки парк со акцелератор за стартапи, чиешто отворање Владата минатиот септември го најави за следната година, дознаваме од државниот Фонд за иновации и технолошки развој – ФИТР, којшто е заеднички иницијатор за овој проект со Министерството за информатичко општество  и администрација. Во меѓувреме, во активностите се вклучија и неколку потенцијални партнерски организации, како Македонија 2025, дел од стопанските комори и универзитетите.

“Веќе сме во фаза на пошироки консултации за предложениот концепт на Научно – технолошки парк (во понатамошниот текст НТП, н.з.).За дел од подготвителните активности веќе имаме обезбедено и техничка помош од делегацијата на ЕУ во Македонија. Настојуваме сите иницијативи и проекти што постојат и се развиваат во изминатиот период, а се однесуваат на тема Технолошки парк да ги обединиме на една заедничка платформа. Во следните неколку месеци очекувам да се дефинира проектна задача и да се направи скенирање на потенцијалите за истражување и развој на сите наши универзитети, што треба да биде значаен дел во пакетот понуда пред потенцијалните корисници на услугите на паркот.“, изјави за Капитал директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

 

Тој додава дека добра временска точка за заокружување на една развојна фаза од проектот за НТП ќе биде ИКТ Самитот на ЕУ што ќе се одржи напролет во Скопје. “Очекувам дотогаш да имаме доста квалитетна работа зад нас“

 

teh

Деспотовски вели дека во малку понапредна фаза се на дефинирање на финансиската конструкција за проектот на НТП, преку лоцирање на расположливи средства, веќе постојни, но и нови, во повеќе институции, вклучително и во ФИТР. Деспотовски, во септември, кога заедно со министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, за првпат го најавија технолошкиот парк во Скопје, спомнаа дека веќе се обезбедени од 1,5 до 1,7 милиони евра за почеток, но многу веројатно е дека оваа сума ќе биде повеќекратно зголемена до завршување на проектот, судејќи по тоа колкави инвестиции беа потребни за посериозните технолошки паркови во регионот.

 

Директорот на ФИТР, Деспотовски, вели дека од досега разгледаните решенија за НТП од регионот и светот, имаат добра основа за развивање проект што ќе биде истовремено функционален  и независен од постојано финансирање од државата.

“Ги поздравивме најавите на МАСИТ и ИКТ заедницата за вклучување и во финансиската конструкција на проектот. Истовремено, очекувам и останатите комори и деловни субјекти од другите сектори поблиску да се вклучат и во овој дел од проектот, што е заеднички интерес. Научно – технолошкиот парк нема да има ексклузивитет во еден сектор на економијата, туку ќе се обидеме да понудиме поширок капацитет, а со тоа и да привлечеме корисници на услугите од различни области, како истражување и развој во медицината, нано-технологија, био-технологијата, земјоделието, енергетиката, транспортот. Научно – технолошкиот парк ќе ги обедини сите нив.“, објаснува Деспотовски.

Македонија, всушност, веќе има еден мал технолошки парк, во Тетово, во рамки на приватниот Универзитет на ЈИЕ
Развојот на научно – технолошките паркови како простор кој што ја поддржува соработката помеѓу науката и компаниите е еден од клучните фактори за брзиот развој на земји како Израел, Ирска, скандинавските и балтичките држави и други економии што се потпираат на економијата на знаење и “експлозијата“ на иновативни мали и средни компании.

Не случајно, земји каде што има најголем процент на искористеност на фондовите од ЕУ од Horizon 2020 и останатите програми за финансирање на иновативни проекти, се Ирска, Австрија, Израел и други економии со високо развиена сцена на НТП, акцелератори, бизнис инкубатори и останатата инфраструктура.  Во Македонија, за волја на вистината, досега е отворен еден технолошки парк од помал обем во рамки на кампусот на  приватниот Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, во мај 2013 година.
Визијата и мисијата на овој технолошки парк, како што велат оттаму, е да креираат средина каде што ќе се создаде синергија и поблиски врски помеѓу стартапите, академската сфера и индустријата, со што би се претворило знаењето и експертизата во комерцијализација на идеите, односно инвестиции и производство.
Универзитетот на ЈИЕ инвестираше 50.000 евра во простор од 650 м2, каде што во моментов, според информацијата на нивната веб страна, работат петнаесетина компании, главно  од ИКТ секторот. За функционирање на технолошкиот парк се грижи тим од 5-6 професионалци, главен извршен директор е Азир Алиу, а главен оперативец на проектот е Ѓорѓи Рафајловски.
Сепак, за постигнување на позначајни резултати во областа на стартап еко -  системите и развојот на иновативноста  во земјава, потребни се многу посериозни инвестиции и државна поддршка во формирањето на научно -технолошки паркови, по примерот на земјите од регионот и светот.

Бугарија искористи 38 милиони евра пари од ЕУ фондовите за својот Sofia Tech Park

Инаку, изминативе 2-3 години во регионов се отворија неколку нови технолошки паркови, од коишто некои се гринфилд инвестиции, некои продолжение на проекти започнати нешто поодамна, уште во 90-те години, како што е случајот со парковите во Загреб и Белград, на пример.
Првиот научно – технолошки парк во Бугарија почна да работи пред точно две години,  на 11 декември 2015-та. Technology + Innovation Network е проект на државната компанија “Sofia Tech Park“, во кои што досега се вложени 38 милиони евра, обезбедени од европските фондови, а се планираат и дополнителни инвестиции во проширување на паркот. Прв жител на паркот беше  инвестицискиот фонд  Eleven, добро познат и на македонските стартапи, којшто  заедно со три фирми од неговото портфолио. Во комплексот, кој што се наоѓа на местото на бивши воени објекти, денес работат лаборатории, стартап инкубатор и иновациски форум за организирање на настани. Идејата на технолошкиот парк е да се претвори во средиште на иновативниот бизнис во Бугарија и на долг рок да генерира додадена вредност за економијата, разработувајќи нови технолошки производи и решенија.

Интерес за научно – технолошкиот парк  пројавувија не само инвестициски фондови, туку и компании од технолошкиот сектор, како шведската Trelleborg, која што е  меѓу првите што најави соработка со бугарски компании и научни институции во рамки на НТП во Софија.

За стартап компаниите е предвиден пакет за влез во технолошкиот парк, што подразбира пониски трошоци за кирија, маркетинг, советодавни и други услуги. Важен елемент на софискиот парк е и  лабораторискиот комплекс, составен од 11 лаборатории за трите приоритетни области во паркот – информациски и комуникациски технологии, биотехнологии и нова и зелена енергија. Засега најголем интерес од страна на индустријата има за 3D лабораторијата за брза изработка на прототипови, како и за биотехнолошките лаборатории.

Белград после четврт век од почетокот на проектот го доби својот научно – технолошки парк

Нешто пред НТП во Софија, во октомври 2015-та во Белград свечено беше пуштен во употреба првиот НТП во Србија, кој што на едно место за технолошко – развојните компании нуди комплетна инфраструктура и бази на знаење, односно врска со факултетите и научно – истражувачките институции. НТП во Белград почнал да се гради уште пред 28 години, па по низа проблеми во времето на транзицијата бил подзаборавен, за конечно довршување на проектот да биде иницирано во 2014-та година, кога паркот официјално е основан од страна на Владата на Србија, Градот Белград и државниот Универзитет во Белград. Финансиска поддршка на НТП Белград даде владата на Швајцарија.

Во просторот на НТП Белград веќе работи бизнис инкубаторот на технолошките факултети од Белградскиот универзитет, кој што веќе “одгледа“ 50 компании што вработуваат 300 инженери. Тие само во 2015 година во буџетот на Србија, преку данок уплатиле повеќе од 1,5 милиони евра, истакнаа владини претставници по повод отворањето на НТП.

Технолошкиот парк во Белград има капацитет да прими 100 компании  и се простира на површина од 11.000 квадратни метри.

Скопје ќе го сруши својот Саем, Загреб го претвора во технолошки парк

И Хрватите подолго време работеа  на формирање на научно – технолошкиот парк во Загреб, иако реализацијата на проектот не одeше така мазно. Почетоците на НТП Загреб се уште од 1994 година, кога е формиран претприемачкиот инкубатор за високи технологии во рамки на концернот “Кончар“. Во 1998 преоѓа во сопственост на Градот Загреб. На почетокот од 2014 година Канцеларијата за стратегија на Градот Загреб ги изработи програмските насоки за Загрепскиот велесаем, при што како еден од составните делови е наведена и содржината на идниот Технолошки парк Загреб.

Во април 2017, пуштена во употреба беше првата фаза од НТП Загреб, на 7.500 м2, на првиот кат од павиљонот 12 на Загрепскиот велесаем, инвестиција од два милиони евра. Предвидено е место за стотина стартапи со околу 350 вработени.

НТП Загреб се развива и опремува во соработка со загрепскиот Универзитет, а стартапите што ќе работат во паркот ќе имаат неколку облици на поддршка од кои што најважна ќе биде техничката поддршка и менторството од искусни професионалци.

Од загрепскиот Универзитет велат дека НТП треба да стане јадро кое што ќе се рашири на целиот простор на Велесаемот. За НТП е развиена модуларна инфраструктура со заеднички простори, хали за состаноци и презентација, како и т.н. креативни соби. На почетокот користењето на технолошкиот парк ќе биде бесплатно за компаниите, а подоцна веројатно ќе се одредат симболични надоместоци.

 

 

 

 

 

 

 

24t

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×