Македонија VS Регионот
Објавено на од во COVER STORY

rich and poorПоразително: Македонската економија е на дното во Централна и Источна Европа 

Ни треба деценија економски раст од 7% за да ги стигнеме соседите

Македонската економија е рангирана на самото дно во Централна и Источна Европа според неколку клучни економски индикатори како што се бруто домашниот производ (БДП) по жител, просечната плата и стапката на невработеност. Доходот по жител во земјава според последните податоци на ММФ изнесува 5.060 долари и е четири пати понизок отколку на пример во Словенија која што е прво рангирана. Само во Босна и Херцеговина, БДП по жител е понизок и изнесува 4.289 долари. Пресметките покажуваат дека доколку во последните десет години, економијата растеше со просечна стапка од 7% како што ветуваа властите, а не 3,1% колку што испорачаа, денес доходот по жител навистина ќе беше дуплиран, од 3.360 долари во 2006 година на 6.600 долари и сосема блиску до нивото во Црна Гора и Бугарија. 

 

Македонската економија која што неколку меѓународни институции како на пример Светската банка во извештајот Doing business, ја рангираат како топ реформатор меѓу десетте земји каде што е најлесно да се води бизнис, сепак не ги поправи клучните индикатори и според бруто домашниот производ (БДП) по жител, просечната плата и стапката на невработеност е на самото дно во Централна и Источна Европа.

Доходот по жител во земјава според последните податоци на ММФ изнесува 5.060 долари и е четири пати понизок отколку на пример во Словенија која што е прво рангирана. Само во Босна и Херцеговина, БДП по жител е понизок и изнесува 4.289 долари.

Иако властите ветуваат стапки на економски раст од 6% до 8% и дуплирање на доходот по жител, порастот на БДП единствено во 2007 година достигна 6,5%. Просечниот раст во овие десет години е само 3,1%, а вината за потфрлувањето властите ја припишаа на глобалната економска криза.  Пресметките покажуваат дека доколку во последните десет години, економијата растеше со просечна стапка од 7%, денес доходот по жител навистина ќе беше дуплиран, од 3.360 долари во 2006 година на 6.600 долари.

Просечната плата во земјава според последните податоци за ноември лани, изнесува 365 евра и само Бугарите заработуваат во просек по четири евра помалку отколку ние. Србите пак, четири евра повеќе од нас. На врвот и според овој индикатор, повторно е Словенија со просечна плата од 1.020 евра.

Ако се споредува просечната плата во Македонија денес и во 2010 година, податоците покажуваат зголемување за 9,1%, но, во исто време трошоците за живот пораснале за 9,5%, што значи дека сега платата ни вреди 0,4% помалку отколку пред шест години. Со други зборови, порастот на платите е помал отколку порастот на цените и според тоа, платите ја губат моќта.

Ако пак просечната плата се спореди со месечните потреби на едно семејство, кои што според пресметките на Сојузот на синдикати изнесуваат околу 525 евра, произлегува дека таа е доволна за само две третини од потрошувачката кошница.

Стапката на невработеност од 23,4% што ја измери Државниот завод за статистика во третиот квартал лани, повторно не рангира едно место до дното на табелата меѓу земјите во Централна и Источна Европа. Повисока стапка на невработеност е евидентирана во Босна и Херцеговина, од 25,4%, додека лидери со најмалку невработени се Чешка и Унгарија.

Cover 898 WEB tabela 01Како ли јас да пораснам?!

За да забрза економскиот раст со годишни стапки меѓу 65 и 8% колку што е се потребни на земја во развој како Македонија за да направи видлива разлика, економистите коментираат дека е потребен нов склоп од политики и мерки.

Тоа значи дека се потребни длабоки и болни реформи кои ќе обезбедат стабилна бизнис клима, раст на извозот, зголемување на вработеноста и подобар животен стандард за граѓаните.

Тие велат дека нема магично стапче, надвор од контекстот на економската наука, кое што би можело веднаш да ја мрдне економијата од точката на стагнација.

„Основно е да се работи на подобрување на клучните сегменти на инвестиционата клима. Тука е особено значајно натамошно зацврстување на сопственичките права и ефикасноста на договорите, особено реформите во судскиот систем, вложување во крупната инфраструктура како што се патишта, железници, енергетски капацитети и во научно – истражувачка работа, добра и фер регулација  што значи дека регулативните тела и агенции треба да ги водат компетентни луѓе, а не партиски кадри, подобрување на пристапот на бизнисите до пари за финансирање на развојот преку натамошно намалување на каматните стапки, длабоки реформи во јавната администрација. Тоа ќе овозможи растот да го креира бизнис секторот, а не државата којашто сега се претвори во најголем инвеститор и работодавач и која по дефиниција е неефикасна и нерационално ги користи ресурсите“, оценуваат економистите.

Една од клучните препораки на меѓународните финансиски институции до Владата е да инвестира повеќе пари за капитални објекти, меѓутоа за изградба на автопати и железнички пруги кои на долг рок ќе генерираат профит за инвестициите да бидат исплатливи.

Статистиката во последните неколку години во услови на криза покажа дека градежништвото преку проектите финансирани од државата со народни пари беше главниот столб на домашната економија, меѓутоа, меѓународните финансиски институции забележаа дека поголем дел од парите што ги вложија властите биле наменети за помалку продуктивни проекти, како на пример споменици, фонтани, плоштади, фасади и сите други барокни зданија кои што го сочинуваат Скопје 2014, чија вредност според последните истражувања се проценува на околу 670 милиони евра.

На пример, растот од 2,4% за девет месеци лани, без градежната експанзија што во најголем дел ја стимулира државата со јавните инвестиции, би бил преполовен. Поточно, пресметките на податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите девет месеци од 2016 година, доколку се исклучи градежништвото растот на економијата би бил само 1,1%.

Бидејќи јавните инвестиции се директно поврзани со задолжувања на државата, од Светска банка неодамна сугерираа парите да се трошат продуктивно како основа за забрзување на економскиот раст.

„Ние сме застапници на тоа кога една мала економија се задолжува тогаш овие средства што е можно попродуктивно да ги инвестира. Значи, нема ништо лошо во задолжувањето, но важно е како ќе се користат овие средства“, изјави Марко Мантованели, директор на канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Бизнисмените исто така посочуваат дека парите што ги собираат властите од даноци, придонеси и царини, како и тие што ги позајмуваат, мора да ги трошат попродуктивно.

„Очекуваме конструктивен пристап кон инфраструктурни проекти според реалните потреби на економијата или протокот на луѓе и стоки и секако намалување на влијанието на државата врз целокупната економија. Иако се пропагира дека сме настроени кон економски раст и развој, ние не успеавме да имаме раст кој ќе биде на ниво од 5%-6% со кој би се оживеала или “преродила” економијата. Растот  просечно во последните години се движи околу 2,5%, за кој ние сме скептични дека е реален. Очигледно е исто така дека голем дел од растот на БДП се должи на градежништвото, односно фамозниот проект Скопје 2014 и некои други инфраструктурни проекти, кои реално не и помагаат на економијата на долг рок. Оваа инфузија со народни пари некој ден ќе се потроши, па прашањето е што потоа“, истакна неодамна директорот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Фатмир Битиќи.

Светска банка сугерира земјите во развој да инвестираат околу една четвртина од БДП (што во нашиот случај би било над 2 милијарди евра) во капитални проекти за да се забрза економската активност. Кај нас, ниту една Влада досега, не одвоила повеќе од 3%-4% од БДП за јавни инвестиции.

Од оваа меѓународна финансиска институција потенцираа дека приближувањето на земјите од Западен Балкан до животниот стандард на Европската Унија е во застој, а ако Македонија сака побрзо да се доближи до европскиот просек, ќе треба да остварува натпросечни стапки на економски раст.

Проценките на Светската банка покажуваат дека доколку економскиот раст забрза на 6% годишно, Македонија ќе го стигне европското ниво на БДП по жител за 15 години. Со раст од 4,5%, ќе треба да поминат над 20 години за да се изедначи животниот стандард на Македонците со стандардот на Европејците, додека пак со раст од 2%, изедначувањето би се случило дури по 60 години.

Токму затоа аналитичарите на Светската банка сугерираат властите целосно да се фокусираат на забрзување на економската активност.

Тие истакнаа дека невработеноста во Македонија се намалува, меѓутоа, констатираа дека 89% од новоотворените работни места државата фискално ги стимулирала. „Затоа се потребни структурни реформи со кои ќе се динамизира приватниот сектор да создава нови работни места“, потенцираа од Светска банка.

Cover 898 WEB tabela 02
Економскиот раст ги полни џебовите на газдите

Факт е дека раслојувањето во Македонија веќе поприма загрижувачки размери. Економистите објаснуваат дека порастот на економијата не го чувствуваат сите граѓани бидејќи тој нееднакво се распределува помеѓу различните слоеви.

Според нив, посиромашните граѓани најмалку чувствуваат подобрување на животниот стандард бидејќи најголем дел од доходот што се создава завршува во џебовите на газдите на компаниите, а сосема мал дел кај работниците.

„Ако го гледаме економскиот раст низ перспектива на факторите на производство, тогаш ќе забележиме дека поголем дел од новосоздадената вредност е распоредена кај сопствениците на капиталот, а помал дел кај трудот. Тоа значи дека богатите стануваат побогати, а сиромашните помалку го чувствуваат економскиот раст на сопствена кожа“, коментираат економистите.

Овој проблем е особено истакнат кај доходот во секторот градежништво.

Во последните пет години,  вкупните средства кои завршуваат кај работниците во градежништвото пораснале за 25%, додека пак во индустријата, за 10%. Во истото ова време, профитите на сопствениците на капиталот во градежништвото пораснале за 90%, а во индустријата за 100%.

Или со други зборови, работниците, кои всушност ги изградиле патиштата со нивниот труд, добиваат само трошки, а сопствениците на фирмите, го собираат кремот.

Евиденцијата на Светската банка покажува дека во периодот од 2000 до 2010 година, најбогатите луѓе во земјава станале уште побогати, а најсиромашните уште посиромашни. Ако во 2000 година најбогатите 10% од луѓето во земјава поседувале 25,7% од вкупниот доход, десет години подоцна нивното учество се зголемило на 32%. Во исто време, учеството на најсиромашните граѓани во националниот доход се намалило од 2,4% на 1,9%.

Уште еден показател што покажува дека разликата меѓу оние што имаат и немаат е огромна е Gini коефициентот кој во 2015 година во Македонија изнесува 33,7. Колку што е овој индекс повисок, толку е понерамномерна распределбата на доходот. Според податоците на Евростат, само Србија и Бугарија имаат повисок Gini коефициент од Македонија од 38,2 и 37. Од останатите земји во регионот, во Хрватска е 30,6 додека пак во Словенија е најнизок и изнесува 24,5.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×