Македонија забрани отворање на рудници кои користат цијанид и сулфурна киселина
Објавено на од во Компании

РудникСобранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 32-та седница со 53 гласа „за“ три „воздржани“ и еден „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство. Со измените се предвидува да не може да се додели концесија за експлоатација на минерални суровини за постапки со лужење или флотација на металични минерални суровини со цијаниди или со сулфурна киселина во рудници со отворен коп.

Исклучок се концесиите за експлоатација на металични минерални суровини на веќе постојните рудници.

Измената на Законот за минерални суровини се предлага заради долгорочна  заштита на животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини и рудници и за да се спречи примена на технологии што користат опасни супстанци.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×