Македонска Берза во декември 2018 со скок од 82,25% во прометот
Објавено на од во Економија

БезраЗа 82,25% повеќе, односно 649.171.832 денари достигна прометот на Македонската берза во декември 2018 во однос на претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Кај вредност од 162.169.162.195 денари забележа намалување од 0,95% во однос на ноември. Намалување има и кај бројот на трансакции од 21,78% (1.411).

Кај индексот МБИ 10 е забележан пораст од 0,01%, којшто на крајот на 2018 изнесуваше 3.469,03 поени.

Акциите на Комерцијална банка (36,98% учество во вкупниот промет), Алкалоид (14,09%), Макпетрол (11,68), Стопанска банка (10,09%) и НЛБ Банка (7,02%) се најтргувани на Макеоднската берза во изминатата година, додека пак победници на официјалниот пазар се акциите на: Фустеларко Борец од Битола со скок од (55,56%), Стопанска банка Битола (9,74%), Арцелормиттал Скопје ЦРМ (6,76%), Реплек (3%) и Карпош (2,76%).

Најлошо, со најголем пад, поминаа хартиите од вредност на: Арцелормиттал ХРМ (-28,57%), ЗК Пелагонија од Битола (-17,54%), Винарска визба Тиквеш (-12,58%), Благој Ѓорев од Велес (-10,94%) и Макстил (-10,94%).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×