Македонска делегација на „Global InsurTech“ роудшоу
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во Франкфурт, Германија, днеска и утре ќе се одржи второто „Global InsurTech Roadshow”, во организација на TechQuartier, познат дигитален центар и Goethe Business School.
gir19-1Како што соопштија од Агенцијата за супервизија на осигурување, настанот е поддржан од Европскиот регулатор за осигурување и пензии (EIOPA), целта е да се согледаат најновите предизвици во делот на дигитализацијата на осигурувањето.
Делегација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето од нашата земја активно ќе учествува на форумот при тоа претседателот на Советот на експерти, Климе Попоски ќе биде дел од панелот за регулаторните предизвици во кој ќе уствува и извршниот директор за осигурување при Федералниот авторитет за финансиска супервизија на Германија Франк Грунд и генералниот директор на Израелскиот регулатор за пазар на капитал, осигурување и штедење Моше Барекет.
Дигитализацијата претставува „четврта индустриска револуција”, која брзо ги трансформира општествата и економиите. Брзината и обемот на промените се без преседан. Дигитализацијата има потенцијал силно да влијае врз речиси секоја индустрија, во секоја земја, вклучувајќи ја и осигурителната индустрија. Брзи промени се случуваат низ сите процеси на синџирот на вредности на бизнис моделот на осигурување: од дизајн на продукти, преземање на ризици и одредување цени на производите, нивниот маркетинг и дистрибуција до обработката на штети и управување на односите со клиентите, наведуваат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×