Македонската берза закрепнува по големиот пад во март од 35%
Објавено на од во Економија
 МБИ-10 порасна за 24% последниве 7 трговски дена на Берзата. Инаку, за време на паниката  минатиот месец поради корона – кризата, некои  инвеститори ја искористија „распродажбата“: прометот во класичното тргување со акции е зголемен за 129% во месец март.
Akcii rastat
Македонската берза закрепнува  по остриот пад во март месец, при што главниот берзански индекс МБИ – 10 загуби 35% од вредноста. Вредноста на најтргуваните  акции расте веќе шест трговски дена по ред откако МБИ -10 ја достигна најниската вредност на 27.03 од 3.257 поени, и вчера, 06.04, тргувањето заврши со пораст од 4,25%, на 3.890 поени.
Денес, 07.04, растот на индексот продолжува, и во овој момент, додека се’ уште трае тргувањето на официјалниот пазар, вредноста на индексот е порасната за речиси 4%.  Од првиот ден како што почна МБИ-10 пополека да враќа од својата вредност, а тоа беше 30.03, до денешното тргување, забележан е вкупен пораст од над 23%.
Инаку, според билтенот на Македонска берза за месец март, најголем пад имала вредноста на акциите на рафинеријата ОКТА, од 31,6%, Макпетрол (-30,46%), ТТК Банка (-28,81%), Фершпед (-27,76%), Гранит (-26%), итн. Од останатите најликвидни акции на берзата, најголем пад имале оние на НЛБ Банка (-22,87%), Стопанска банка – Скопје (-22,65%), Алкалоид (-22,46%).
Прометот со топ 10 акциите поголем во март за 2,2 пати
Додека некои инвеститори панично бегаа минатиот месец од Берзата, други ја искористија шансата да купат акции од квалитетни компании на „распродажба“.  Па, така и вкупниот промет во месец март во споредба со претходниот месец е поголем за 250% и изнесувал 2,8 милијарди денари (околу 46 милиони евра). Од тоа, без малку половина, или 1,44 милијарди денари е во класично тргување со акции, што е за 129% повеќе од месец февруари, додека во блок трансакции се истргувани акции во вредност од 1,3 милијарди денари, или за дури 19 пати повеќе во однос на претходниот месец. Ова се должи пред се’, на сумата  од 1, 075 милијарди денари (17,5 милиони евра) за којашто групацијата Граве од Австрија ја купи домашната осигурителна куќа Еуролинк, трансакција што помина како блок преку Берзата.
Останатите блок трансакции се должат на трговија со акциите на Комерцијална банка, или вкупно 88,5 милиони денари, Стопанска банка – Битола со блокови од 53,8 милиони денари, Алкалоид со блок трансакции од 33,5 милиони денари, ТТК Банка со 11 милиони денари, и нешто поситни трансакции со акциите на Гранит и Реплек.
Во класичното тргување, најголем промет во март месец имаше со акциите на Комерцијална банка, од 9,6 милиони евра, со просечна цена од 6.618 денари – трговија која е за речиси 3,5 пати поголема во однос на месец февруари.
Следи  Алкалоид со промет од 4,8 милиони евра (1,9 пати повеќе од февруари) и просечна цена од 10.600 денари, НЛБ Банка со 2,6 милиони евра (3,8 пати повеќе промет) и  16.486 денари просечна цена,  итн. Сума сумарум, со сите најтргувани  акции на Берзата во март месец е направен вкупен промет од 23,2 милиони евра, за разлика од 10,2 милиони евра во месец февруари. Ако се спореди прометот со 10-те најтргувани  акции во март месец минатата година, во 2020 прометот е за дури 5,5 пати поголем, односно лани изнесувал само 4,2 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×