Македонската КАМ Маркет отвара 10 маркети во Софија до крајот на годината
Објавено на од во Компании

КамМакедонската КАМ Маркет на 25 ноември во Софија ги отвори своите први два супермаркети во Софија. Според пишувањата на бугарските медиуми, ова нема да бидат последните маркети за македонската компанија која планира да отвори 10 маркети во Софија.

Асен Стојчев, извршен директор на компанијата за бугарскиот “Капитал” изјавува дека до крајот на годината ќе бидат отворени вкупно 10 маркети во Софија. На 2 декември се најавено да се отворат маркети на три нови локации.

Првичните планови на КАМ Маркет предвидуваа отворање на 30 до 70 во Софија.

Според поставеноста на пазарот КАМ Маркет во Бугарија ќе работи во најнискиот ценовен сегмент. Според изјавите на Стојчев,во секој маркет ќе има најмалку 1.000 видови на прехранбени и непрехранбени производи, а во нив ќе работат тимови од по седум вработени.

Голем дел од производите кои ќе се продаваат во КАМ маркетите во Софија ќе бидат од увоз, кој КАМ Маркет го прави директно од Грција и Турција (за овошја и зеленчуци), како и од Германија и Швајцарија (сув асортиман, замрзнати и млечни производи), потоа од Тајланд, Кина, Италија, но исто така во рафтовите ќе се продаваат и многу  бугарски производи.

Сопственици на КАМ Маркет, која во Македонија има 63 објекти, се Гоце Камчев и неговата ќерка Тања Камчева.
Од 2015 година компанијата почна да се проширува во Косово и Албанија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×